Иако зборуваше за исклучиво експертска влада, мандатарот Здравко Кривокапиќ го предложи водачот на УРА, Дритан Абазовиќ за заменик-премиер и министер за одбрана, пишува подгорички „Вијести“, повикувајќи се на неофицијални информации.

Доколку тој предлог биде одбиен од партиите на парламентарното мнозинство, одлуката за министер за одбрана е Крсто Перовиќ.

Перовиќ работел во црногорската мисија во НАТО додека на власт беше ДПС на Мило Ѓукановиќ

Еве ги другите министерства според „Вијести“

Министерство за јавна администрација, дигитално општество и медиуми – м-р Тамара Срзентиќ

Министерство за екологија, просторно планирање и урбанизам – д-р Ратко Митровиќ, професор на Архитектонскиот факултет

Министерство за внатрешни работи – м-р Никола Терзиќ

Министерство за надворешни работи – м-р Ѓорѓе Радуловиќ

Министерство за економски развој – м-р Јаков Милатовиќ

Министерство за капитални инвестиции – Младен Бојаниќ, поранешен пратеник

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – м-р Александар Стијовиќ, од Институтот за шумарство

Министерство за образование, наука, култура и спорт – проф. Д-р Весна Братиќ, шеф на НВО Ние не ја даваме Црна Гора

Министерство за здравство – Докторанд Јелена Боровиниќ Бојовиќ, раководител на клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Црна Гора

Министерство за правда, човекови права на малцинствата – д-р Владимир Лепосавиќ, адвокат и член на правниот тим на Митрополијата на Црна Гора и крајбрежјето

Министерство за финансии и социјална заштита – м-р Милојко Спајиќ

Пред да биде доставен предлогот до парламентот, мандатарот мора да добие согласност од партиските тела на владејачките коалиции.

Актуелната влада на Душко Марковиќ има 22 ресори – покрај премиерот, има тројца потпретседатели, министер без ресор и 17 министерства.