logo
logo
logo

Почеток на крајот

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Ова се преговорите со Бугарија, за влез во ЕУ КАКО ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ

Vecer | 09.06.2021

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Ова се преговорите со Бугарија, за влез во ЕУ КАКО ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ

Владата преговара тајно со Бугарија за идентитетот на македонската нација, сега и во минатото, а јавноста нема податоци ниту сознанија кои се темите и последиците. Практично, историскиот развој, сегашниот статус и иднината на нацијата во секоја смисла зависи од интересите на неколкумина луѓе во македонската власт кои оставаат трајни последици за македонската нација и држава, без таа нација да биде информирана, ниту прашана за тоа.

Но, некои детали од тоа што Бугарија наметнува а македонската валст преговара за да прифати излегуваат во јавноста.

Главниот клуч е тоа што Македонија од билатерален спор помеѓу Македониоја и Бугарија ќе прифати содржината на бугарските услови да стане европски став, став на ЕУ по што веќе нема преговори меѓу две страни туку тоа станува став на ЕУ за кој нема преговопри туку само извршување откако барем формално ќе се почнат преговоприте за влез во ЕУ.

Откако ставот на Бугарија ќе стане европски став, со согласност на македонската страна, ниту една влада во иднина нема право ни можност во меѓусебни преговори со Бугарија да се бори за сачувување на националниот статус и идентитет на Македонија.

Владата на Заев е поодготвена да го прифати ова само за, формално, да се прогласи почеток на преговорите со ЕУ за потреби на изборите а, со вградување на бугарскиот услов во преговорите со ЕУ од почетокот на тие преговори натаму нема никаков резултат, без да се откажеме од македонската нација, култура, историја и идентитет - согласно барањата на Бугарија.

Ова е многу полоша состојба дури и од спорот со Грција кој остана билетарален (спор помеѓу две страни, какви има многу низ Европа), а не дозволивме да стане став на ЕУ со откажување од нашите позиции во преговорите со Атина.

Што се дознава од преговорите со Бугарија, и што содржи нивниот ултиматум кој, со согласност на Македонија, наскоро би станал став не само на Бугарија, туку на целата Европска унија.

ВЕЧЕР ДОЗНАВА, ова се делови од бугарската декларација која е прифатлива за преговори за македонската власт. Интересот на владата на Заев е да се прифатат, за да се почнат формално преговори со ЕУ без крај и завршница, затоа што тоа би им помогнало за локаланите избори, или парламентарни на пролет.

Прифаќањето на ова како основ за преговори, по отпочнување на преговорите, од бугарски станува европски став и - нема влез на Македонија во ЕУ без да се откаже од националниот иденетитет, практични влез во ЕУ е можен само со прифаќање на бугарските услови што значи влез во ЕУ само како ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ:

Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа", а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам

· Добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати

· Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.

· Реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство. Реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“;

Нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна С. Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

Треба да се усогласи за личности и настани од „заедничката историја до 1944 година", а меѓу нив се набројуваат „Гоце Делчев, ВМРО и Илинденското востание“.ќе треба да се пресликаат на информативни табли и други ознаки на историски и културни споменици.

Ќе треба да се договорат и конкретни датуми за одбележување на заеднички настани и личности, но притоа, „политичките претставници, претставниците на државните институции во Северна Македонија, како и медиумите финансирани од државниот буџет“ ќе мораат „да ги засноваат своите изјави и коментари на текстовите кои ќе ги договори Комисијата."

· никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“.

Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.,треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година."

До втората меѓувладина конференција, историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои).

· Да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани.

· Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата.

· Надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумите

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk