logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Скопје, починал на лице место

Vecer | 28.01.2023

ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Скопје, починал на лице место

Патничко возило „Голф“ вчеравечер удри во пешак на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при што пешакот им подлегнал на повредите и починал на местото на несреќата, додека возачот се здобил со телесни повреди.

– На крстосницата од улиците „Кемал Сејфула”, „Александар Урдаревски” и „Босна и Херцеговина”, патничко возило „голф 5″ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје. На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември”, информира Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk