logo
logo
logo

Вечер Tема

Глобалната економија е во „совршена бура“ - загрозен е „тронот на доларот“?

Vecer | 29.03.2023

Глобалната економија е во „совршена бура“ - загрозен е „тронот на доларот“?

Глобалната економија предизвикува „совршена бура“ може да значи „крај на американскиот долар“? Поранешниот помошник министер за финансии Моника Кроули тврди дека фискалната политика на администрацијата на Бајден ќе ѝ наштети на американската економска доминација и статусот на суперсила.

Доминацијата на доларот му даде на Вашингтон поволности кои ги немаа другите земји, но тој привилегиран статус сега е загрозен, пишува познатиот американски политички коментатор Фарид Закарија и објасни за CNN.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, смета Закарија, водела економска војна против Русија исклучително ефикасно, градејќи коалиција за поддршка на Украина која ги вклучува речиси сите развиени светски економии. Ова го отежнува оставањето на доларот и преминувањето кон други високо ценети стабилни валути, како што се еврото или фунтата или канадскиот долар, бидејќи тие земји и се спротивставуваат на Русија.

До пред некое време, на мајтап се земаа муабетите дека доларот може да ја изгуби својата улога во светската економија како резервна валута (она што некогаш беше златото), на што и почива огромен дел од американската хегемонија. Одеднаш, од САД стигнуваат панични анализи на таа тема, особено по последните потези на Саудијците. Или е опасно, или е нешто - уште поопасно.

Да почнеме со најживописниот момент од оваа приказна. Претседателот на Кенија деновиве ги повика граѓаните на таа држава да се ослободат од доларите што ги имаат. Вилијам Руто предвидува дека глобалниот пазар драстично ќе се смени во наредните неколку недели:

Некои уште на времето предупредуваа дека неумоливиот раст на Кина и нејзината цел да го промовира јуанот како светска валута ќе ја детронизира американската империја.

„Завршува времето на американско печатење пари. Повеќето конфликти и хаосот што се случува денес во светот е резултат на тоа што американската империја пробува да го спречи неизбежното,“ пиша Ким Дотком пред една година.

Главно, го исмеваа. Денес, поранешниот втор човек во американското министерство за финансии, Моника Кроули, предупредува дека на глобалната економија се создаваат услови за „совршена бура“ која може да значи крај на доларот.

Во рамките на БРИКС (Бразил, Русијa, Индија, Кина и Јужна Африка), одамна се зборува за напуштање на петро доларот. Тоа друштво стана уште поопасно за владеачките Г7 откако и Кралството Саудиска Арабија изрази желба за придружување а Иран и Алжир се на пат да се приклучат.

https://vecer.mk/ekonomija/1177244/

Деновиве, Саудиска Арабија дополнително ги зајакна односите со Кина потпишувајќи два, милијарди вредни договори со Пекинг.

Прво, државниот саудиски гигант Арамко во следните 20 години на две кинески рафинерии ќе им обезбедува 690.000 барели сирова нафта дневно. Второ, за 10% од кинеската рафинерија Ронгшен Петрохемикал ќе даде 3,6 милијарди долари.

https://vecer.mk/ekonomija/1192592/

Притоа, Саудиска Арабија во повеќе наврати нафрла дека размислува да го прифати јуанот наместо доларот како средство за плаќање за својот нафтен извоз во Кина.

„Не можам да ви доловам колку катастрофално ќе биде за нас ако доларот го изгуби статусот на глобална резервна валута,“ изјави Моника Кроули.

Иако уште Ричард Никсон го напушти златото како покритие за доларот, американската валута го имаше статусот на безбедно средство за плаќање заради силината на американската економија и фактот што глобалната трговија со нафта се одвива во долари.

Доколку Саудијците навистина почнат да прифаќаат други валути, тоа ќе предизвика имплозија на глобалниот економски систем, особено на американскиот.

„Ако тоа се случи ќе видиме инфлација до небо, споредлива со онаа која беснееше во Вајмарската република. Ако мислите дека ова денес е инфлација, чекајте само да видите...“

„Уште поважно, ќе ја изгубиме нашата економска доминантност и статусот на супер-сила“, паничи Кроули.

На крајот на прилогот таа го спомнува она што во поднасловот го најавивме како поопасно од опасното. Дека глобалното превирање и кризата (ќе) се користат само за да се забрза постоечката идеја за воведување централизирана дигитална валута која ќе се претстави како единствен спас.

Дури тогаш државата ќе стави шепа врз секој остаток од приватност и слобода која денес постои бидејќи таа не само што ќе има увид, туку и контрола врз луѓето, она што го поседуваат, како живеат и како размислуваат. На пример, еден ден ќе ѝ текне парите што ги имате да ги поврзе со вашиот личен „дигитален футпринт“ на што исто така се работи:

Најинтересниот детал од неодамнешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг доби релативно ограничено внимание во медиумите.

Зборувајќи за резултатите од средбата, Путин рече дека Москва „ја поддржува употребата на кинескиот јуан во трговијата со земјите од Азија, Африка и Латинска Америка“. Тоа значи дека втората светска економија и најголемиот извозник на енергија се обидуваат да ја ослабат доминацијата на доларот во меѓународниот финансиски систем, пишува политичкиот коментатор Фарид Закарија во колумна за „Вашингтон пост“.

Доларот е суперсила на Америка. Тој му дава на Вашингтон политички, економски и „мускули“ какви што нема ниту една друга земја во светот. САД можат сами да воведат санкции кон други земји и да ги спречат да учествуваат во голем дел од глобалната економија. И кога САД трошат пари без ограничувања, знаат дека секогаш ќе има заинтересирани купувачи за нејзиниот јавен долг.

„Санкциите против Русија и сè поагресивниот пристап кон Кина, сепак, доведоа до тоа двете земји да ги засилат напорите да се „излечат“ од зависноста од американската валута. Нивните централни банки сè помалку ги чуваат заштедите во долари, трговијата меѓу нив главно се одвива во јуани, а како што нагласи Путин, ќе се обидат да ги убедат и другите земји да го сторат истото“, пишува Закарија.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, смета тој, водела економска војна против Русија исклучително ефикасно, градејќи коалиција за поддршка на Украина која ги вклучува речиси сите развиени светски економии. Ова го отежнува оставањето на доларот и преминувањето кон други високо ценети стабилни валути, како што се еврото или фунтата или канадскиот долар, бидејќи тие земји и се спротивставуваат на Русија.

Она што можеше да биде нагло намалување беше одлуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран во мај 2018 година и да воведе нови санкции кон таа земја. Европската унија, која остро се спротивстави на одлуката на Трамп, виде дека поради доминацијата на доларот Иран ќе остане отсечен од поголемиот дел од светската економија.

„Ова го наведе тогашниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, да предложи да се зајакне улогата на еврото во светската трговија со цел „да се заштити континентот од опасните еднострани даноци“. Тоа не се случи, а сѐ уште постојат сомневања дека еврото дури и ќе опстане како валута“, вели Закарија.

Доминацијата на доларот е длабоко вкоренета, поради неколку причини. На глобализираната економија и е потребна единствена валута за полесно и поефикасно да функционира, а доларот е стабилен, може да се купува и продава во секое време, на секое место и во голема мера е управуван од пазарните сили, а не од каприците на американската влада.

„Ова е една од главните причини зошто обидите на Кина да ја прошири употребата на јуанот во светската трговија не беа успешни. Ако претседателот Си сака да ја направи својата валута вистински конкурент на американскиот долар, тој би го либерализирал финансискиот сектор на Кина, но тоа би го ставило во позиција спротивна на неговите сопствени домашни политички цели“, нагласува Закарија.

Употребата на доларот како оружје, сепак, доведе многу земји да сакаат да ја намалат зависноста од валутата за да бидат помалку ранливи на американските санкции. Уделот на долари во вкупниот износ на пари што го чуваат централните банки ширум светот падна од околу 70 отсто пред дваесет години на помалку од 60 отсто, а тој процент продолжува да опаѓа.

Европејците и Кинезите се обидуваат да изградат свои системи за плаќање надвор од SWIFT, Саудиска Арабија размислува да наплатува нафта во јуани, додека Индија сега увезува најголем дел од увозот од Русија во други валути. Алтернатива би можеле да бидат и дигиталните валути, за кои размислуваат многу земји. Сите овие алтернативи додаваат трошоци, но изминатите неколку години нè научија дека многу држави сѐ повеќе се подготвени да платат повисока цена за да ги постигнат своите политички цели.

„Продолжуваме да бараме единствена замена за доларот, а нема да има. Но, дали валутата може постепено да изумре? Се чини дека тоа е поверојатното сценарио. Како што истакна авторот и инвеститор Ручир Шарма, „во моментов, за прв пат во моето сеќавање, имаме меѓународна финансиска криза во која доларот ослабна, а не зајакна. Се прашувам дали ова е показател за работите кои доаѓаат“, рече Закарија.

[caption id="attachment_1193016" align="alignnone" width="1462"] Глобалната економија предизвикува „совршена бура“ може да значи „крај на американскиот долар“?[/caption]

Ако е така, Американците треба да бидат загрижени. Во периодот кога беше единствената светска сила, Америка разви одредени „лоши навики“ во надворешната политика, а уште повеќе во економијата. Американските политичари се навикнаа да трошат без многу размислување за дефицитот, што предизвика јавниот долг да скокне од 6,5 трилиони долари пред дваесет години на над 31 трилиони долари денес.

Сето тоа функционира само поради уникатниот статус на доларот. Но, ако тоа престане да биде така, Америка ќе се соочи со проблеми како никогаш досега.

Извори: CNN, Foxnews, WashingtonPost, NTV Kenya

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk