logo
logo
logo

ПУКОТНИЦИ на автопатот Гостивар - Тетово: Дилерите нагазиле гас да бегаат, полицијата им пукала во тркалата да ги запрат

Vecer | 26.03.2023

ПУКОТНИЦИ на автопатот Гостивар - Тетово: Дилерите нагазиле гас да бегаат, полицијата им пукала во тркалата да ги запрат

Двајца дилери на дрога се уапсени вчера на автопатот Гостивар-Тетово со 30 килограми марихуана, спакувана во 25 пакувања во нивниот автомобил, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.

Двајцата се обиделе да избегаат кога полицајци пробале да ги запрат, по што полицајците пукале во гумите на автомобилот за да го онеспособат.

„Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе. Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета“, велат од ОЈО Тетово.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk