logo
logo
logo

Вечер Тема

Протести се шират низ Кина, што се случува?

Vecer | 24.07.2022

Протести се шират низ Кина, што се случува?

Протести се шират низ Кина, што се случува? Илузијата за нова средна класа, која беше симбол на економскиот подем на Кина, пукна, а гневот ќе стане уште поголем ако ова беше „балон“.

Нешто се случува во Кина и се шири - не, не се работи за нов вирус, туку за протести, а протестите во Кина не се случуваат често, особено не протести кои се „шират“.

Сепак, токму тоа се случува веќе некое време, а протестите продолжуваат и денoвиве во 24 од 31 провинција во Кина.

За што се работи?

Станува збор за демонстранти кои излегуваат на улица поради станбени кредити, односно хипотеки. Имено, во Кина е практика луѓето кои купуваат недвижен имот да почнат да плаќаат за него уште пред да постои - односно додека се уште е во фаза на изградба (или градежен план).

Така се финансира изградбата и добро функционираше системот додека работеше. Проблемите се појавуваат веќе некое време. Луѓето платиле пари, доста пари, но становите им ги нема... Се поголем број градежни зафати се соочуваат со доцнење.

Луѓето, пак, стануваат нервозни, се плашат да не пропаднат големите градежни фирми, а заедно со нив и нивните пари.

Работите мораа да го „скршат стаклото“ за Кинезите да излезат на улица, бидејќи ова не е земја во која често се одржуваат протести, а ако има протести, властите не се склони да го слушаат гневот на народот, туку да го смират тоа што е можно побрзо.

Но, проблемите овој пат навистина се насобраа.

Имено, не се лути само оние кои се уште не ги добиле становите (иако оваа група секако е најтешко погодена), туку и оние кои ги добиле.

Зошто тие?

Бидејќи цените на недвижностите во Кина почнаа нагло да паѓаат. Некои сега станаа сопственици на станови кои веќе вредат значително помалку од она за што ги купиле.

Некои експерти сметаат дека ова е нова криза во Кина која може да се прошири и надвор од градежниот сектор. Но, зошто тоа е толку опасно за Кина?

Ако ги знаеме конкретните бројки, работите брзо стануваат јасни - пазарот на недвижности во Кина претставува околу една четвртина од кинескиот БДП (!).

Во многу земји, пазарот на недвижности претставува значителен дел од БДП, но особено во Кина.

Тоа е разбирливо, во Кина има голем раст на средната класа, а тоа претставува огромно нерешено станбено прашање.

Но, таа новосоздадена кинеска средна класа, која навистина е феномен и со години се претставува како потврда за економскиот подем на Кина, вредно ги вложи своите пари во станбената заштеда, верувајќи дека тоа е најдоброто прибежиште за нивните заработени пари.

Според одредени студии од 2019 година, дури 60% од имотот на урбаните кинески домаќинства се во комерцијални и станбени недвижности. Кина е најнаселената земја во светот, со над 1,4 милијарди жители. Но, Кина е и земја со највисока стапка на сопственици на имот во која живеат - дури 96%.

Може да се каже дека тоа е за пофалба, на пример во Германија само 50% од населението поседува сопствен недвижен имот. Но, иако поседувањето недвижен имот им дава одредена сигурност на Кинезите, тоа може да биде и проблем.

Имено, тоа значи - како што рековме малку порано - дека најголемиот дел од нивниот имот е всушност врзан за нивниот недвижен имот. Во такво сценарио, ако цената на недвижностите почне нагло да паѓа, тоа ќе се одрази буквално на целата земја, а може да предизвика и социјални немири.

Цената на недвижностите во Кина веќе некое време паѓа. Да ја погледнеме состојбата во последните 5 години на пазарот на нови недвижности:

[caption id="attachment_1089254" align="alignnone" width="1177"]Флуктуација на вредноста на новиот недвижен имот во Кина (во проценти) Флуктуација на вредноста на новиот недвижен имот во Кина (во проценти)[/caption]

 

Како што можеме да видиме, вредноста на новата градба летово отиде во минус.Тоа значи дека сопствениците губат пари.

Во јуни вредноста на новоградбата падна под нулата, односно на -0,5%. Тоа значи дека тие вредат многу помалку во споредба со пазарната цена пред една година.

Па, тоа не е толку губиток, нели? Како за кого. Можеби не, засега, но табелата погоре ни покажува јасен тренд на намалување во последните три години.

Понатаму, многу луѓе купуваа недвижен имот верувајќи дека тука ќе им пораснат парите, но тоа не се случува сега, туку напротив... Која е големината на овој проблем? Огромна.

Само минатата година беше стопирана изградбата на 13 милиони станови. Дури 220 милијарди долари се наоѓаат во хипотеки кои се поврзани со незавршени проекти! Па зошто едноставно не ги завршат?

Не можат, нема пари. Како нема?

Големите кинески градежни гиганти едноставно станаа несолвентни. Каде завршија парите?

Некој ќе треба да даде дефинитивни одговори, но големите компании се пред банкрот или веќе се технички банкротирани бидејќи не можат да си ги сервисираат долговите.

Едно води кон друго. Во приказната потоа се вклучени и банките кои сакаат да се заштитат од ризик, а целата структура почнува опасно да се тресе...

Во текот на целата деценија, Кинезите беа убедени, речиси апсолутно убедени, дека цените на недвижностите само ќе растат и ќе растат. Таа илузија сега е скршена и е голем шок за младата средна класа која можеби сè уште не знае како да се справи со толку длабоки промени.

Но, како што рековме, проблемот е поголем од сегашната состојба.

Ако погледнеме уште еднаш на горната табела, тоа би можело да укаже на нешто уште полошо - дека ова не е само пад на вредноста туку и „пукање на меурот“, а ако е така, цените нема да останат таму каде што се, туку ќе почнат да брзо паѓаат.

Кинеските владини регулатори мора да направат нешто.

Веќе го прават тоа, бараат банките да дадат дополнителни кредити и да им ги дадат постоечките на градежниците за да можат да ги завршат своите незавршени проекти.

Според некои извори, властите може да им дозволат на имателите на хипотеки да престанат да плаќаат месечни рати, но само привремено, додека не се реши оваа ситуација.

Може ли Кина да ја реши оваа ситуација? Може, но нема да биде лесно.

Владата веројатно ќе мора да ги принуди банките да прифатат одредени загуби и тоа уште некое време ќе се чувствува во кинескиот финансиски сектор.

Што е со демонстрантите?

Се уште се собираат, најмногу пред банките.

 

Но, безбедносните сили веќе се во акција, а според некои извори дури и тенкови се појавиле на улиците оваа недела, што би значело дека на улиците е и Кинеската Народноослободителна армија (можеби донекаде иронично име во овој контекст).

Оваа ситуација е далеку од трагедијата што се случи на 4 јуни 1989 година на плоштадот Тјенанмен во Пекинг (иако некои кинески конкуренти се надеваат на понатамошна ескалација на сегашната криза).

Фото: Aly Song

(Vecer.mk VIA)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk