Побарувачката за вакцини против Ковид 19 во светот е толку голема што моќните држави буквално ги киднапираат и плаќаат по дупла цена вакцините, а поединци се обидуваат да се снајдат и дојдат до вакцина на црниот пазар. За многу од нив тоа може да биде кобна грешка.

Полицијата уапси повеќе од 80 лица вклучени во продажба на фалсификувани вакцини во три кинески градови од септември 2020 година, објавија државните медиуми.

Апсењата беа извршени во Џангсу, Пекинг и Шандонг, а Си-Ен-Ен објави дека новинската агенција Ксинхуа потврдила дека имале три илјади лажни вакцини.

Ксинхуа изјави дека кинеското Министерство за јавна безбедност испитува измами поврзани со правење и фалсификување на вакцини.

Полицијата откри дека од септември 2020 година, инволвираните во криминалната акција „оствариле голем профит продавајќи лажни вакцини и тоа ЛАЌНИпо високи цени“.

Кина го вакцинира своето население со вакцини Синовак и Синофарм.