logo
logo
logo

ВИДЕО

Младоженец на венчавката се појавил МРТОВ ПИЈАН, па невестата се налутила и му се одмаздила

Vecer | 20.09.2021

Младоженец на венчавката се појавил МРТОВ ПИЈАН, па невестата се налутила и му се одмаздила

Невеста со ромско потекло по име Кирија (24) од гратчето Абердин во Мериленд (САД) го напуштила  сопругот Сем (28) кој бил пијан на денот на нивната венчавка и побегнала со свој роднина.

Како што пренесува Ти-ел-си, Кирија била бесна кога го видела сопругот во каква состојба се појавил. Многу се налутила, па со свадбената торта го размачкала по целото лице.

- Е*бено сум лута. Сакам да излезам од овој фустан, готово е. Не можам. Сега сум толку лута. Ми ја уништи венчавката, не сакам да го гледам, само сакам да заминам, рекла таа.

 

Еден од оние кои го набљудувале целото случување било и поранешното момче и роднина на Кирија, Кајл. Тој во моментот кога ја извел надвор таа му рекла дека венчавката е завршена.

Како што се наведува во емисијата на каналот Ти-ел-си меѓу Ромите не се невообичаени венчавки меѓу роднини, па така и се очекува Кирија и Кајл наскоро да се венчаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk