logo
logo
logo

Вечер тема

Мистеријата на украинскиот КОНТРАНАПАД: Клучни 2 недели?

Vecer | 20.08.2022

Мистеријата на украинскиот КОНТРАНАПАД: Клучни 2 недели?

Мистеријата на украинскиот КОНТРАНАПАД: Клучни 2 недели?

Украина веќе два месеци ја сигнализира својата намера да го врати Херсон.

Тоа беше најавено како голема контраофанзива и моментот кога Киев го сврти бранот на војната против Русија.

Но, сè уште се чека поголемо движење на украинските сили додека Русија ги зголемува своите сили.

Градот Херсон беше освоен на почетокот на руската инвазија, а на почетокот на јуни Украина објави дека започнала „голема контраофанзива“ против руските трупи кои окупираа делови од истоимениот јужен регион, предвидувајќи дека повторно би бил заземен до септември. Имено, тој месец Кремљ планира референдум за регионите Херсон и Запорожје, што, како што пишува „Гардијан“, речиси сигурно ќе резултира со нивно припојување кон Русија.

Мистеријата на украинскиот КОНТРАНАПАД: Клучни 2 недели?

Мистеријата на контранападот

Украина е решена да го спречи тоа, но како ќе изгледа тој голем контранапад се уште е мистерија. Киев долго време наведува дека судбината на војната ќе се решава на југ, а експлозиите на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, покажуваат дека е желна да го врати полуостровот под своја закрила.

Најмалку три експлозии го потресоа Крим во вторникот - во близина на северниот град Џанкој, во јужен Симферопол и база во близина на селото Гвардејско во централниот дел на полуостровот - а минатата недела детонации ја потресоа воздушната база Саки на запад.

Украинската артилерија и ракетите добиени од западните сојузници, исто така, уништија два моста клучни за руската армија во регионот Херсон, како и напади врз нуклеарната централа Запорожје и спорадично гранатирање различни цели - како експлозија во близина на украинско-белоруската граница и напад во градот Доњецк кој наводно предизвикал истекување на амонијак.

И покрај тоа што овие напади укажуваат на тоа дека украинската контраофанзива е започната, како што пишува „Политико“, останува да се види поголемо движење на пешадијата, а во меѓувреме Русија ги зајакнува и зацврстува своите сили.

Во последниве недели, Москва ги премести силите на исток од регионот Харков во близина на градот Изум и од Доњецк за да ја зајакне својата одбрана на Херсон. Дури и со оружјето во вредност од милијарди долари што Европа и Америка му го дадоа на Киев, прашање е дали е доволно и што е воопшто доволно, пишува весникот.

Одлучувачка фаза

Целта на украинската контраофанзива е ослободување на Херсон и околните окупирани населби на десниот брег на Днепар, потоа понатамошни територии на југ и исток и на крај самиот Крим.

А војната по шест месеци влезе во решавачката фаза.

„Гардијан“ наведува дека следните неколку недели би можеле да одлучат за де факто границите на Украина во наредните години. Во источен Донбас, руските трупи продолжуваат да напредуваат, но на југ се чини дека нивната контрола слабее. Украинските команданти сепак посочуваат дека се уште не е време за голем чекор кон Херсон.

„Имаме повеќе оружје. Не е доволно сега да тргнеме во офанзива и да го победиме непријателот. Доволно е да ја одбраниме нашата територија“, рече Роман Костенко, проевропски заменик на чело на парламентарната комисија за одбрана и безбедност.

Тој верува дека не е потребен напад за да се ослободи Херсон.

„Ако го контролираме мостот, тие (Русите) немаат логистика. Ако изградат понтон, тој лесно може да се уништи“, посочи тој.

Се чини дека Русите дојдоа до истиот заклучок. Некои западни разузнавачки експерти веруваат дека е само прашање на време кога ќе го напуштат Херсон и ќе се повлечат преку реката.

ХИМАРС и Крим

Украинските проектили истрелани од ХИМАРС имаат дострел од околу 80 километри.

Америка досега одбиваше да го снабдува Киев со ракети ATACMS, кои можат да се користат во HIMARS и имаат дострел од 300 километри.

Причината за тоа е што администрацијата на претседателот Џо Бајден смета дека Украина би можела да ги искористи за удар на територијата на Русија, што, се стравува, може да доведе до Трета светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли ова сценарио и вети дека нема да ја напаѓа руската територија.

Но, како што истакнува „Гардијан“, „окупираниот Крим не е Русија“.

Полуостровот, силно милитаризиран од Москва, е легитимна украинска цел, според Вашингтон и неговите сојузници.

„Ако го добиеме ATACMS, би можеле да го удриме мостот што го поврзува Крим со континентална Русија. Тоа драматично ќе ја промени нашата позиција на југ. Ги разбираме стравовите на американската страна. Но, со ATACMS, можеме дополнително да ја деградираме руската логистика“, посочува Костенко.

Неговиот партиски колега од Голос, Роман Лозински, го опиша ХИМАРС како „менувач на играта“ на бојното поле.

Тој на Гардијан му покажа едноминутно видео снимено минатиот месец некаде во регионот на Миколаев, на кое се гледаат ракети како молња по ноќното небо, придружени со бучава и чад.

„Можеме да го искористиме за да уништиме десетици руски воени кампови“, рече Лозински за ХИМАРС.

„Прашање на време“

Гувернерот на областа Миколаев, Виталиј Ким, изјави дека е „прашање на време“ кога Украина ќе започне контраофанзива.

„Имаме наредба да ги вратиме нашите територии и народ. Западот би можел да го забрза повторното заземање на Херсон со тоа што на Украина и дава повеќе тешко оружје и не подлегнувајќи на воениот замор“, посочи тој, опишувајќи ја руската тактика како „тероризам“.

На прашањето на „Гардијан“ дали најавениот контранапад е само блеф, Ким укажа на придобивките направени од силите на Краина кои веќе ги постигнаа. Тој рече дека тие ги потиснале Русите и ослободиле голем број села источно од Николаев, околу реката Ингул.

„Политико“ наведува дека јужната оперативна команда на Украина тврдела дека ослободила десетици мали градови и села на северот од регионот Херсон, но дека аналитичарите укажуваат дека наишле на слаб руски отпор во тие области и дека заземањето на остатокот од територијата ќе биде многу потешко.

Николај Белисков, истражувач во Украинскиот национален институт за стратешки студии, смета дека каква било украинска офанзива нема да се случи наскоро, со оглед на „недостигот на тешко оружје“ за таков маневар.

“Тоа е голема грешка“, изјави тој за „Политико“.

Белисков оцени дека Киев веројатно „полека и методично“ ќе ги таргетира руските сили и „да и покаже на Москва дека нејзината позиција на југ е неодржлива“.

„Најдобрите стратези се оние кои не се борат според учебникот, туку наоѓаат начин да ја завршат својата работа дури и со ограничени ресурси“, рече тој.

(Vecer.mk VIA)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk