logo
logo
logo

Случај Фајзер

КОЈ ЗБОРУВА ВИСТИНА за вакцините - Заев или Пендаровски?!

Vecer | 11.03.2021

КОЈ ЗБОРУВА ВИСТИНА за вакцините - Заев или Пендаровски?!

Македонија се уште нема купено вакцини за заштита на своите граѓани кои гласаат и плаќаат данок за оваа власт да се одржува во живот. Тоа им е законска обврска, а не работа на избор.

Деновиве слушаме од министерот Филипче дека тие свесно ставиле посредник во нарачката на вакцини од Кина иако цел свет знае дека секој производител вакцините ги продава само и исклучиво на државата купувач или од неа акредитирана институција, а не од налбати и трговци. Особено, не со посредник кој е вон фармацевтскиот бизнис.

А посредникот е тука за да заработи со повисока цена на вакцините. Кинезите го запреа овој сомнителен трговски ланец, и Македонија остана без вакцини.

Сега има нов скандал - се спомнуваат вакцините кои ќе се купувуле, допрва, од Фајзер. Тие Фајзерови вакцини, според официјалните најави од владата, требаше веќе да ги имаме во февруари. Средина на март е, Фајзер вакцини - нема.

Ева ја објавата на владата од 4 јануари 2021 година:

Република Северна Македонија, ќе добие 800.000 вакцини против КОВИД-19, од производителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против КОВИД-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против КОВИД-19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.  ( Сајт - Влада  04 јануари 2021)

Вакцините Фајзер не се купени, а следеа неколку пати нови приказни по системот: еве само што не стасале.

Вчера, претседателот Пендаровски ја шокираше јавноста со студена вода посипана врз владата кога рече дека - Фајзер вакцини ниту имало ниту има можност Македонија да ги купи со директна нарачка. Според него владата давала лажни вести и информации во врска со набавките од Фајзер уште од 4 јануари па се до денес.

Што изјави Пендаровски:

Од Фајзер ни беше кажано дека не преговараат со држави под 2 милиони вели претседателот Стево Пендаровски за „Клик Плус“ на ТВ21, потенцирајќи дека тоа бил одговорот кој властите го добиле пред Нова година кога ја контактирале компанијата.

Директно се обративме на таа компанија и не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар, консументи. Кога кажавме дека сме се на се 2 милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Ни рекоа дека имаат купувачи со милијарди луѓе, навалица, така што ни рекоа дека во тој момент деловната политика била да не разговараат со држави кои се под 2 милиони, рече Пендаровски.

Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk