logo
logo
logo

Граѓаните ДУПЛО ќе ги финансираат долговите на владата

Vecer | 24.09.2022

Граѓаните ДУПЛО ќе ги финансираат долговите на владата

Наредната, 2023 година, Министерството за финансии и Владата планираат ново нето задолжување кое би било максимално до 850 милиони евра.

Вкупно во последниве три години новиот долг поради големите буџетски дефицити изнесува 2,36 милијарди евра.

Проблемот што веќе се надѕира е во тоа што на меѓународните пазари на капитал кредитите поскапуваат, а во наредниве неколку години Македонија ќе треба да врати тешки милиони евра долг, пред сè поради издадените еврообврзници.

Ако се зафати поголемо задолжување од домашните банки, парите може да се насочат кон државните хартии од вредност, а не кон кредитирање на населението и на фирмите. Со ова, граѓаните и фирмите, освен со плаќање на даноците, ќе ја финансираат државата и со своите депозити во банките кои се главен извор на кредитирањето.

И ова не е се: странските кредитори повеќе се заинтересирани за сериозни и стабилни држави со силни економии, како Германија, Франција, САД, а не како Македонија, која веќе има лоша оценка на меѓународниот кредитен пазар.

И кога ќе се сврти кон домашните банки со државни хартии од вредност- таму пари, ќе нема, односно веќе нема, останато е нешто ситно.

Целата анализа на ОВОЈ ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk