logo
logo
logo

Филипче спин: ДО КАДЕ Е КЛИНИЧКИ ВО ШТИП, пред да се зборува за идниот во Скопје

Vecer | 21.02.2021

Филипче спин: ДО КАДЕ Е КЛИНИЧКИ ВО ШТИП, пред да се зборува за идниот во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче, единствен министер во светот кој за 12 месеци епидемија не набави ниту еден ресиратор, ниту едно амбулантно возило и - ниту една вакцина, се обидува со спинови да одбегне одговор и одговосност за тоа, и се занимава со тези дека опозицијата кочела изградба на клинички центар во Скопје!

Пред да  го поставува ова прашање министерот Филипче треба да даде одговор зошто не е готова новата клиничка болница во Штип, почната под власт на ВМРО ДПМНЕ и највувана дека, дефинитивно, ќе биде готова на почетокот на 2019-та година. А не е готова, како што не е завршена ни во следната 2020-та, а ни годинава нема да биде.

При немање современи капацитети за време на епидемијата таа нова клиничка болница во Штип ќе беше од голема помош, и ќе спасеше многу животи. Но, не е довршена поради соменвања на јавноста за корупција при сомнителни доплати на грчкиот изведувач на градбата, за што пишуваа повеќе медиуми.

Во меѓувреме, грчката фирма која ја гради клиничката болница во Штип - замина во стечај, а со стечајот замина и надежда дека изградбата на болницата ќе се доврши во догледно време бидејќи за тоа е веќе платено.

Сега, министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание со чие донесување ќе се овозможат активности за изградбата на новиот клинички центар планиран на локација во Ѓорче Петров, во Скопје.

Партиските разлики, порача денеска ресорниот министер, треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. За изградбата на новиот клинички центар претходеа дебати со експерти и пратеници, целиот процес е јавен и транспарентен вели тој, а новото законско решение е можност со опозицијата заеднички да се направи нешто што е важно за граѓаните.

  • Жалам што со 2000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна.
  • Во Собранието имавме една јавна дебата заедно со експерти, пратеници од претходниот парламентарен состав ја објаснувавме идејата зошто и како е избрана локацијата, зошто беше прекинат оној претходен проект. Во делот на транспарентноста и отвореноста навистина верував дека ќе најдеме заеднички јазик и дека опозицијата ќе се приклучи кон овој проект.
  • На граѓаните да им покажеме дека тоа што е важно да се направи за нив, имаме капацитет да го направиме заеднички, дека ќе ги надминеме овие разлики, дека нема да го блокираат законот. Секогаш кога опозицијата сака да напарави таква работа веднаш обвинува за криминал, за дивоградби итн, вели Филипче во пишана изјава.

Со новиот клинички центар, објаснува, ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, односно физички една или неколку блока од згради да бидат споени, на тој начин најбрзо се добива здравствена услуга. Претходниот проект беше прекинат од неколку причини.

Проект за нов Клинички центар во Скопје имаше и владата на ВМРО ДПМНЕ, изградбата и опремувањето ќе чинеа околу 80 милиони евра. Но, владата на СДСМ и ДУИ за својот проект на нов Клинички центар бара од буџетот многу повеќе, дури 450 милиони евра.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk