logo
logo
logo

Вечер тема

Замина ФУДБАЛСКИОТ КРАЛ: Едсон Арантес до Насцименто, наречен Пеле - најдобар на сите времиња

Vecer | 29.12.2022

Замина ФУДБАЛСКИОТ КРАЛ: Едсон Арантес до Насцименто, наречен Пеле - најдобар на сите времиња

Во веста која ја обиколи планетата со брзина на комета, се наведува дека Едсон Арантес до Насцименто, наречен Пеле, најпознатиот Бразилец во историјата, стана легенда откако ја загуби битката со тешката, најтешката болест, со која долго време се бореше, поттикнат од молитви и желби за закрепнување на милиони луѓе од сите меридијани.

Веста за смртта на Пеле ги засени сите други настани - од политика до спорт. Милиони луѓе тагуваат и го оплакуваат.

Од оние кои ја имаа честа да си играат со него до помладите генерации кои само ги слушаа заводливите приказни за играчката вештина на Пеле.

Почина Пеле. Кралот на најголемото кралство во светот - тоа на фудбалот. Единствениот крал кој не го наследи тронот, но го доби преку умешноста со фудбалската топка, недофатливиот дриблинг, прецизните додавања и головите за кои се зборуваше и ќе се зборува.

Во веста која ја обиколи планетата со брзина на комета, се наведува дека Едсон Арантес до Насименто, наречен Пеле, најпознатиот Бразилец во историјата, стана легенда откако ја загуби битката со тешката, најтешката болест, со која долго време се бореше, поттикнат од молитви и желби за закрепнување на милиони луѓе од сите меридијани.

Веста за смртта на Пеле ги засени сите други настани - од политика до спорт. Милиони луѓе тагуваат и го оплакуваат. Од оние кои ја имаа честа да си играат со него до помладите генерации кои само ги слушаа заводливите приказни за играчката вештина на Пеле.

Излегување на големата сцена

Црномурестиот Пеле блескаше на Светското првенство во Шведска во 1958 година, каде што пристигна со бразилската репрезентација како седумнаесетгодишник без брада, кој само спорадично беше опишан како „перспективно момче“ во земјата на кафето и фудбалот.

Никој не се надеваше дека таму, под нордиското небо, тоа ветување ќе го преточи во магијата што следеше по неговото крунисување. Прво затоа што не беше закажан за стартниот состав на „кариока“, а потоа и затоа што на „фудбалскиот велесаем“ во Шведска, на шестото светско првенство, пристигнаа најголемите асови од 16 земји - дванаесет од Европа и четири од Америка.

Бразилците не поминаа баш најдобро. Затоа постарите играчи побараа од тренерот Феола да ги направи „првите 11“ малку помлади.

Со вметнувањето на Пеле и малку постариот Гаринча се формираше атомски налет на Бразилци, „клучот“ за нивниот успех на тој Мундијал: Гаринча, Диди, Вава, Пеле и Загало. Вреди да се потсетиме на фактот дека Бразил со Пеле и Гаринча никогаш не беше поразен.

Пеле веднаш ја искористи шансата, неговата „десетка“ на грбот се „лепеа“ очите од преполните трибини. Во четврт-финалето против Велс го постигна единствениот гол „најдрагиот во неговата кариера“, а потоа следуваше неговата фудбалска рапсодија.

Во полуфиналето ги „погреба“ Французите Рејмонд Копа и Жусте Фонтен, најдобриот стрелец на Светското првенство во Шведска со 13 голови: Бразил победи со 5:2. Пеле постигна хет-трик.

Во финалето се повтори резултатот од полуфиналето, а нова жртва на „кариоките“ беше домаќинот Шведска, кој се радуваше дури на почетокот на играта, кога поведе со 1:0.

Бидејќи тоа беше првото Светско првенство кое се емитуваше на телевизија (во живо за Шведска, одложено за странство), светот имаше задоволство да ужива во магиите на Бразилците, од кои најимпресивно беше тоа што Пеле ја префрли топката преку цебтархалф и ја испрати во мрежа. Тоа беше еден од неговите два гола на блескавиот бал  со„топка“ на првенството, каде беше прогласен за најдобар играч.

Англискиот „World sports“ напиша дека гледачите ги триеле очите и се прашувале дали вонземјани играат против слабите Швеѓани.

Младиот Пеле, најмладиот учесник во финалето на светските првенства, најмладиот стрелец во финалето и најмладиот освојувач на „златната божица“ својата неизмерна радост ја зачини со солзи. Плачеше на рамениците на соиграчите. Плачеше како дете, кое всушност беше во Шведска. Имаше 17 години и 289 дена.

Патувањето на Светското првенство беше негов прв пат надвор од Бразил.

„После финалето, поминав непроспиена ноќ, размислувајќи за своите дома“, рече тој подоцна. Други, ширум светот, зборуваа и пишуваа за сиромав црн човек кој се издигна меѓу ѕвездите. За кралот избран од фудбалски луѓе.

[caption id="attachment_1158819" align="alignnone" width="620"]Солзите на Пеле во Шведска Солзите на Пеле во Шведска[/caption]

Славата му дојде ненадејно, но не го опи, ниту тронот го одвои од обожавателите. Ниту тогаш, ниту многу подоцна, со што ја задржа својата харизма. Постојаната насмевка стана негов заштитен знак.

Не треба да заборавиме дека тој еднаш ја прекина војната: Нигерија и Биафра склучија примирје за луѓето во Лагос да го гледаат како игра кралот на фудбалот со нивната боја на кожа.

Татковите солзи

Пеле е роден на 23 октомври 1940 година. Во сиромашен кварт на периферијата на градот Трес Карасиос (Три срца) во јужната бразилска држава Минас Жераис, подеднакво оддалечено од Рио и Сао Паоло. Името Едсон го добил по американскиот научник Томас Едисон, бидејќи неговото семејство изразило благодарност што добиле струја една година порано.

Неговиот татко Жоас Рамос до Насименто Дондињо играл фудбал. Полупрофесионален и не многу забележлив. Но, тој бил страстен вљубеник во најпопуларната игра, која му ја пренел на својот син. Поразот на Бразил од Уругвај, во финалето на Светското првенство во 1950 година, на Маракана, го дочека скршен и уплакан.

„Тато, не плачи. Јас, еден ден, ќе го освојам светското првенство за тебе“, го тешел  деветгодишниот Едсон.

Момчето го исполни ветувањето на Светското првенство во Шведска, а потоа уште два пати. Како ниеден друг играч пред или после него.

Сепак, тоа не беше се. Во својата 21-годишна професионална кариера освои вкупно 29 различни трофеи. Тој беше државен и светски шампион во клупски фудбал, а експертите го прогласија за најдобар фудбалер на 20 век.

Речиси целата своја кариера ја помина во Сантос, каде пристигна на 15-годишна возраст, пред се благодарение на поранешниот репрезентативец Валдемир Брит: искусниот ас додека го тренираше, препозна редок скапоцен камен.

Долг беше списокот на клубови кои по Светското првенство во Шведска му понудија „кули и градови“ да им се приклучи: Интер, Барселона, Реал, Манчестер Јунајтед...

Сопственикот на Јувентус и „Фиат“ Џани Ањели му вети дека ќе има удел во сопственоста на неговата фабрика, доколку дојде во Торино.

Во страв да не го „изгубат“, Бразилците во 1961 година донесоа закон со кој Пеле го прогласија за национално богатство. Тоа значеше дека тој може да замине во странство само со дозвола на владата.

А секоја влада, се разбира, многу добро знаеше дека ако издаде таков Сертификат, брзо ќе и одѕвони и дека сите нејзини членови ќе се соочат со непредвидливите санкции на темпераментните фудбалски навивачи.

[caption id="attachment_1158820" align="alignnone" width="620"]Пеле во Рио на мечот со Белгија во 1968 година Пеле во Рио на мечот со Белгија во 1968 година[/caption]

Крал на фудбалот

Четири години по Шведска, Бразил повторно беше светски првак. Благодарност, пред се, на брилијантните изведби на виорот Гаринча. Пеле не играше многу поради повреда и нападите на грубијани кои ќе го следат до крајот на кариерата.

На Светското првенство во Англија тој помина уште полошо, бидејќи неговите ривали не сакаа да ја толерираат неговата генијалност: го тепаа како во истражен затвор. Прво Бугарите, па Португалците, кои до триумфот над Бразилците стигнаа со „осакатување на Пеле“.

Кралот тогаш, депресивен од количината на прекумерна употреба на сила, која ја убива убавината на фудбалот, изјавил дека повеќе нема да игра на светските првенства.

Се пишуваше дека за таа изјава придонеле првите „пацки“ кои ги добил дома. Тие го критикуваа дека не го кренал гласот против бразилската диктатура.

„Не разбирам политика, само сакам да играм фудбал, бидејќи таму јас најмногу правам за мојата земја“, се бранеше тој.

И покрај тоа, тој отиде на Светското првенство во Мексико, негово последно, и им го донесе на Бразилците првото место.

Во серијата одлични партии, најблескав му беше оној во финалето против Италија, за победа од 4:1. Тој постигна еден гол со глава, а потегот на играта беше неговото „невидено“ додавање до Карлос Алберто, кој од работ на шеснаесетникот ја „скина“ мрежата на „аѕурите“.

Италијанскиот халф Бургнич вака опиша еден воздушен дуел со Пеле:

„Заедно скокнавме на топката, кога се приземјив тој сè уште беше во воздух“.

Кралското збогување на Светското првенство беше кралско - тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Илјадитиот гол

Според официјалната статистика, Пеле постигнал 1.282 гола на 1.366 натпревари. Повеќе од кој било друг фудбалер насекаде во светот. Ја тресеше мрежата со двете нозе, но често и со глава иако беше висок само 174 сантиметри.

Неговиот 1.000 гол беше опишан и телевизиски „милион пати“ од повеќе причини.

Тој го постигна од пенал на неговиот натпревар на Сантос против Васко де Гама на 19 ноември 1969 година. Се фемкаше да биде изведувач, но го натераа сто илјади гледачи на Маракана, кои го бодреа неговото име, а поддршка му дадоа и противничките играчи.

Кога ја погоди мрежата, втрча во голот, ја зграпчи топката и - заплака.

Набрзо тој беше опкружен со навивачи, фоторепортери и новинари, па натпреварот беше прекинат на половина час.

Паузата ја искористи да апелира до публиката да им помогне на децата, болните и беспомошните, што подоцна го направи како познат хуманитарец. По натпреварот тој призна дека со тој пенал „првпат во кариерата почувствувал нервоза“.

Потеклото на неговиот прекар Пеле е поврзано со клубот Васко де Гама.

Ова наводно се случило бидејќи малиот Едсон погрешно го изговорил името на голманот на тој клуб, кој се викал Бибе, нарекувајќи го Пеле.

Интересно е и тоа што „пеле“ на хебрејски значи „чудо“.

А Бразилецот Пеле беше навистина чудо. И тоа во смисла на фудбалски недостижен, иако по неговото „пензионирање“ имаше тврдења дека го надминаа некои помлади, прво Кројф, па Марадона.

Во поново време Роналдо и Меси почнаа да се мерат со него. Кога Марадона еднаш изјави дека е најдобар „на сите времиња“, Пеле реагираше со „закачка“:

„Ме интересира само колку голови постигна Диего со десна нога и глава“.

[caption id="attachment_1158821" align="alignnone" width="620"]Пеле и Марадона во 1987 година. Пеле и Марадона во 1987 година.[/caption]

 

Пеле VS Мето: Спасовски е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил со Пеле и тоа на “Маракана“!

Мето Спасовски е еден од гигантите на мак – фудбалот. Мето е единствениот Македонец кој му да гол на Бразил со Пеле и тоа на „Маракана“. Ова како повод на заминувањето на Кралот.

Но ајде да се навратиме на 17 декември 1968 година.

Рио де Жанеиро, „Маракана“, пред околу 100.000 гледачи во пријателски натпревар се сретнале Бразил со кралот на фудбалот Пеле, и селекцијата на тогашна Југославија, за која како стартери биле Мето и Кире Дојчиновски.

Домашните фанови уште не седнале на столчињата на славната “Маракана“ кога Мето, момчето Македонче од  Скопје, го тресе Бразил во 6.минута за водство на Југославија од 1:0. Тој гол можете да го видите во 25 секунда од приложеното видео. Тоа е тоа, Мето засега е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил, и тоа на “Маракана“. Тој натпревар завршил со резултат од 3:3. Останатите два гола за Југославија ги дале Џајиќ и Букал, додека за силниот Бразил, кој по две години во Мексико со таа генерација ќе стане и светски првак, стрелци биле Карлос Алберто, Пеле и Кавења.

За Бразил настапиле: Пауло Пикасо, Карлос Алберто, Де Фреитас, Диас Бранко, Евералдо, Жерсон, Ривелињо, Тостао, Силва Лемос, Пеле и Еду. Овој последниот играше во Штип на простувањето на Шекуларац  во 1978 година. Во игра влегле и Силвеира, Карлос Скала, Дирсеу Лопес, Кавења или попознат како Баба.

За Југославија пак играле: Чурковиќ, Цвек, Грачанин, Павловиќ, Дојчиновски, Холцер, Спасовски, Белин, Мусемиќ, Ачимовиќ, Џајиќ. Играа и: Тешан и Букал, а селектор бил Рајко Митиќ.

Уште еднаш драги читатели, уживајте во видеото и во голот на Мето кој пред 54 години му дал гол на Бразил и тоа на “Маракана“.

Проштален натпревар со Југославија

Својата официјална проштална игра ја одигра во 1971 година, иако играше и после тоа. Самиот ја избра својата лебедова песна да биде пријателски натпревар помеѓу Бразил и Југославија, која ја сметаше за „европски Бразил“, пред се поради Шеки и Џаја, чии квалитети многу ги ценеше и со кои се дружеше.

На Маракана во Рио имаше повеќе од 160 илјади кои навиваа и плачеа за негово збогување.

Југословенскиот репрезентативец Мирослав Павловиќ, кому му беше доверено да го „чува“ Пеле, подоцна често зборуваше за тој предизвик:

„Селекторот Бошков ни ги „нацрта“ сите негови вештини, вклучително и начинот да туркање на топката низ нозе, но од тоа немаше никаква корист. Едноставно затоа што правеше сè со таква брзина и непредвидливост што, најчесто, беше незапирлив“.

Сепак, резултатот беше почесен за тогашните „Сини“ - 2:2.

По „главниот“ дел од кариерата, Пеле премина во њујоршкиот „Космос“, заедно со Бекенбауер, Италијанецот Кинаља и Владислав Богиќевиќ.

„Целта беше да се промовира фудбалот во САД, па со задоволство го прифатив тој предизвик“, им објасни тој на новинарите пред да ги „полуди“ Американците со играта.

Бидејќи таму успеа да стигне до шампионската титула, реши дефинитивно да се збогува со фудбалската топка која му донесе неизмерна радост, пари и слава, претворајќи го во божество. На неговото ново збогување, во Њу Џерси, играа Космос и Сантос.

Потоа беше активен на неколку нефудбалски терени. Тој стана министер за спорт на Бразил, глобален амбасадор на ФИФА, добитник на Меѓународната награда за мир за неговата работа со УНИЦЕФ, амбасадор на Обединетите нации за екологија и животна средина...

[caption id="attachment_1158822" align="alignnone" width="853"]Пеле Пеле[/caption]

Фудбалското знаење на Пеле, видено на стадионите ширум светот, придонесе и за силен пораст на продажбата на бразилските фудбалери, кои претходно беа помалку барани во Европа од Аргентинците и Уругвајците. Тој, тврдат многумина, го трасираше патот до големите европски кариери на Диди, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Кака, Нејмар...

Она за што некои го критикуваат Пеле е фактот што верноста кон фудбалот не ја префрлил на брачниот живот.

Се женел три пати и имал многу емотивни врски во кои се раѓале деца, па не се знае точно колку потомци има.

Се пишуваше и дека „никогаш не му паднала паричка од џеб“, а се зборувало дека не отишол на погребот на неговиот долгогодишен соиграч Гаринци, кој починал во беда, осамен и пијан.

Меѓутоа, убавината на фудбалската игра во неговиот настап го натера да остане запаметен по уживањето што им го пружи на генерации фудбалски фанови на сите континенти.

За него нема заборав. За време на неговиот живот, на познатата Маракана му е подигнат споменик.

(Vecer.mk)

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk