logo
logo
logo

ДОЗНАВАМЕ: Мицкоски ќе одмора во Црна Гора!

Vecer | 04.08.2022

ДОЗНАВАМЕ: Мицкоски ќе одмора во Црна Гора!

Како што дознава Вечер.мк лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во следните неколку дена заедно со семејството ќе одмора во Црна Гора. Повеќе детали за одморот, односно каде ќе престојува Мицкоски и колку ќе остане, засега нема.

Инаку, на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ очигледно Јадранот му е омилена дестинација, а истото важи и за месецот во кој летува. Слично беше и пред две години кога тој отпатува во Хрватска и тоа непосредно по одбележувањето на Илинден.

Минатата година поради состојбата со пожарите тој остана дома иако, како што рече тогаш, имал силен притисок од домашните да одмораат заедно.

– Имав силен притисок од семејството, но нема да користам годишен одмор, само еден-два дена ќе поминам со нив кога ќе одам да ги вратам назад најблиските,  рече лани Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk