logo
logo
logo

ДОСЕГА НЕВИДЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ, упорно се чека во редови и се гласа

Vecer | 17.10.2021

ДОСЕГА НЕВИДЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ, упорно се чека во редови и се гласа

Иако од изутрина се објавија резултати од претпладневното гласање кое е за околу 5-6% помало отколку на минатите избори, како причина за тоа се наведе новата технологија со читање на отпечаток од прстот што би требало да ја зголеми веродостојноста на гласањето, се гласа масовно.

Граѓаните се тука, на гласачките места, и во досега невидени редови за гласање упорни се да го искористат тој единствен ден помеѓу изборите кога се тие валст, и тие одлучуваат каде и со кого понатаму ќе оди нивната општина, и кој ќе се грижи за нивните животни потреби и проблеми.

Особено во Скопје, и поголемите градови, пред гласачките места можат да се видат по педесетина и повеќе луѓе што досега, особено во ова време од денот, во Македонија не е видено.  Интересот да се гласа на овие избори е незабележан во последните децении, техниката на самото гласање и ДИК се должни на сите нив да им обезбедат непречено да го остварат ова свое право.

Пријавени се десетици злоупотреби и заблежани обиди за поткупи на гласањето, а во Скопје, на избирачко место 2780 во Драчево фатена е вработена во државната администрација која учествувала во таканаречениот “бугарски воз“ за наместено гласање кога се влегува со веќе обележано гласачко ливче, а се излегува со празно и се предава на следниот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk