logo
logo
logo

Анкетите на ИРИ и нивната релевантност  

Vecer | 17.06.2021

Анкетите на ИРИ и нивната релевантност  

Како што се наближуваат локалните избори во Македонија се случува бум на анкетите за рејтингот на политичарите и партиите. Нарачатели се најчесто самите партии но и медиумите најчесто оние кои се блиски до власта, а поентата е преку наместени анкети и преку одредени медиуми да се прикаже дека одреден кандидат од една политичка партија има далеку поголема предност од кандидатите на други политички партии (иако сè уште не се знае кои се кандидати).

Премиерот Заев во грч од реално катастрофалниот рејтинг кој го ужива владејачката партија пробува со нарачани анкети да ја манипулира јавноста и преку медиумите кои се под нивна контрола да влијае врз расположението на граѓаните пред претстојните избори сервирајќи резултати кои покажуваат дека добро му оди во спроведувањето на на нарачките и дека за истото ужива поддршка. Но, дали е навистина така?!

Така вчера беше објавена една мошне чудна анкета на ИРИ спроведена од агенцијата Брима Галуп која не ужива баш висок углед во Македонија, а е позната како блиска до СДСМ.

Да потсетиме дека во не така далечната 2010 година имаше и обвинувања дека тогашниот шеф на државата Бранко Црвенковски му дал 10.000 евра на Ѓорѓи Кимов од Брима Галуп за да ја фалсификува анкетата според која претседателот Црвенковски му се приближува на премиерот Никола Груевски во однос на поддршката кај јавноста.

Според анкета спорведена на репрезентативен примерок од дури 1222 испитаници во периодот помеѓу 4-6 април 2021  на прашањето „Ако локалните избори се одржат денес, за чиј партиски кандидат би гласале да биде градоначалник на Скопје“, СДСМ има 21% поддршка, ВМРО-ДПМНЕ 16% поддршка, следува ДУИ со 8% поддршка, па ДПА со 7% поддршка, Левица со 4% поддршка, итн.

Интересно е дека во споредба со анкетата на ИРИ од август 2017, ВМРО-ДПМНЕ има изгубено поддршка во Скопје за цели 7%, а СДСМ ја има зголемено поддршката за 5%.

Според анкетата на ИРИ, во Скопје СДСМ само има поголема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и Левица заедно.

Нејасно е како рипнал рејтингот на владејачката партија во овие неколку месеци кога само од март наваму се случија важни политички и економски случувања кои ја срозаа и така кревката поддршка што ја уживаа на терен.

Имено во само 3 месеци имаме нови даноци, зголемени цени на горивата и струјата, поскапен животен стандард (цената на маслото рипна од 70 на 100 денари по литар), имаме 26 илјади изгубени работни места, задоцнет процес на имунизација и лошо менаџирање на Ковид епидемијата поради кој имаме највиска стапка на смртност во регионот и во светот (држиме високо 7-мо место).

Не стресе скандалот со издавање на пасоши на белосветски криминалци барани од Интерпол и брзото „решавање“ на тој случај со смешни казни за извршителите кои добија по 2-3 години условни казни, дружењето на премиерот со Седат Пекер, ослободувањето на Рашковски од Шутка, молчењето на Обвинителството за трговијата со марихуана, акцијата на ДЕА со запленетата марихуана во која беше уапсен и шоферот на Трајче Заев, нема обрасци за пасоши, за лични карти, за возачки, итн., итн.

Не можат да се добројат аферите кои излегуваат секој ден, а рејтингот на власта е плафон, или истиот е мерен во некој паралелен универзум или испитаниците се од мејлинг листата на СДСМ.

Од друга страна ја имаме теренската анкета чиј нарачател е партијата на Христијан Мицкоски, а која е спроведена во периодот од 17 до 30 март на 1.009 испитаници од ИПИС покажала дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 15 отсто.

По неа следи СДСМ со рејтинг од 10,9 отсто. Изненадувачки е рејтингот на Алијанса за Албанците на Зијадин Села која за прв пат е пред партијата на Али Ахмети. Алијанса има рејтинг од 5,3 отсто, Левица ѝ дише во врат со 5,2 отсто, а исто толку 5,2 отсто има и ДУИ на Али Ахмети.

Околу релевантноста на анкетите на ИРИ доста говори и фактот што на анкетата за парламентарните избори предвидуваа предоност од 5% на коалицијата СДСМ/БЕСА, а резулатат од изборите покажа дури 1,3% предност коалицијата СДСМ/БЕСА добија 35,8% од гласовите додека коалицијата предводена од ВМРО 34,5%.

Потоа тука е анкетата на ИРИ спроведена крајот на август пред референдумското изјаснување за промена на името која имаше висок процент на поддршка за влез во ЕУ и НАТО. Нивната анкета покажуваше дека 49% од испитаниците ќе гласаат за предложената измена на името, а 2% против. Како што е познато, референдумот пропадна бидејќи имаше излезност помала од 40%.

За крај на вчерашната анкета на ИРИ на прашањето кога размислувате за политичкиот живот на која личност гледате со најмногу симпатии, Зоран Заев е во водство со 10 отсто од испитаниците, по него е Христијан Мицкоски со 6 проценти а трет е Али Ахмети со 5 отсто, а највредни владини Министри се Премиерот Заев и Министерот Филипче со изедначен вкупен процент од 17%.

Заклучокот кој може да се изведе е дека главната порака на оваа анкета е стокмена со порака до Заев: терај како што се бара од тебе и не се грижи добро ти оди.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk