logo
logo
logo

Кинезите на цена: УНГАРИЈА ПЛАЌА 36 ДОЛАРИ ЗА ЕДНА КИНЕСКА ВАКЦИНА

Vecer | 05.04.2021

Кинезите на цена: УНГАРИЈА ПЛАЌА 36 ДОЛАРИ ЗА ЕДНА КИНЕСКА ВАКЦИНА

Унгарија се согласи да плати околу 36 долари доза за вакцината направена од страна на Sinopharm, кинеска државна компанија, според договорите објавени од страна на висок унгарски функционер.

Со тоа вакцината Синофарм се искачи меѓу најбараните и најскапи вакцини против Ковид 19.

Унгарија се согласи да купи пет милиони дози на кинеската вакцина, со цена од 36 американски долари (околу 32 евра) според објава од началникот на Генералштабот Ѓерѓ Гулаши на неговата Фејсбук страница. Според истиот извор Унгарија, која има речиси половина милион случаи на коронавирус и повеќе од 16.000 смртни случаи, се согласи да плати 9,95 долари за доза за руската вакцина против Sputnik-v.

Тие цени далеку го надминуваат лимитот што Европската унија одлучи да плати за вакцините од западните производители.

Европската унија соопшти дека ќе плати 15,50 евра по доза за вакцината Pfizer-Biontech, што го објави агенцијата Ројтерс. За Astrazeneca, ЕУ се согласи да плати 2,15 евра по доза, според изјава на секретарот за финансии на Белгија.

Цената што ЕУ е подготвена да ја плати за набавка на вакцините очигледно е далеку под пазарната и тоа е една од главните причини зошто ЕУ досега не успева да го исполни планот за набавка на вакцини

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk