logo
logo
logo

Етнички заробеници

Др Естати сака да помогне во Србија, АЛБАНЦИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ, а Заев ветува решение

Vecer | 19.03.2021

Др Естати сака да помогне во Србија, АЛБАНЦИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ, а Заев ветува решение

Д-р Абулџелал Есати (67) Албанец од Теарце во близина на Тетово, попознат како д-р Џеки изјавил за српски Курир дека се чувтсвува должен кон Србија и сака да се оддолжи така што, како волонтер, ќе помага во некоја од српските болници против Ковид 19.

Имено Д-р Џеки официјално, пред неколку дена, му пишал на српскиот претседател Александра Вучиќ, барајќи да волонтира во Србија. Тој сакал да волонтира и во Македонија, но по две барања не добил никаков одговор.

Откако е тоа објавено тој, заедно со семејството, се предмет на масовни закани.

"Илјадници пораки има до мене и мојот син, кој поинаку е специјализиант по анестезиологија, добиени преку социјалните мрежи, со сериозни закани. Пораки дека ќе нè убијат, ќе останеме без глава, дека ќе ја силуваат мојата ќерка. А за навреди и вулгарности да не зборувам ", вели за Курир Д-р Џеки.

Анестезиологот, кој од јануари е пензионер, пред тоа работел 35 години во болницата Тетово вели неговата сопруга и не се плаши, но е разочарана:

- Сепак, моето семејство се плаши. Имам син, ќерка, четири мали внуци ... и сите се исплашени и стравуваат за нивната безбедност. Ние сме обични луѓе, живееме на мало место во кое сите се знаеме, никој не е заклучен а сега сите мои се исплашени и се грижат за тоа дали некој ќе нè нападне сред ноќ. Заканите доаѓаат главно од Албанците од сите страни, од Куманово, Скопје, Гостивар ...

"Не се кајам за тоа што го напишав.  Јас сум космополит, благодарен што Југословија, а пред се Србија, ми пружила рака кога ми било најтешко. Јас сум специјализирал анестезиологија и реаниматологија на Воената академија во Белград и дан-денес сум добар пријател со многу колеги со ВМА и Србија - вели д-р Џеки.

Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за српски Курир  вели дека лично ќе разговара со анестезиологот Д-р Абулџелал Есати (67) од Теарце на чие семејство му се закануваат со смрт бидејќи побарал да волонтира во Србија. Заканите се од неговите сонародници, Албанци.

Заев истакнува дека ќе го заштитат семејството, а од докторот ќе побара да помогне во борбата против Ковид 19 во некоја од болниците во Македонија.

- Ќе разговарам со лекарот за да видам што се работи. Жал ми за тоа е што се случува, Тетово е пример за соживот на повеќе нации и ќе покажеме дека Македонија е држава каде што сите можат заедно и мирно да живеат и Македонците и Албанците и Србите и Власите и Турците. .. За жал, во секое општество постојат поединци кои не мислат така, и тоа го прават на најлош начин. Јас лично ќе го решам овој овој случај", вели Заев во изјавата за Курир.

  • Јас лично ќе барам доктор на Естати, бидејќи ни треба секој лекар, а особено анестезиолог и ќе барам од него да ни помогне во некоја болница - вели Заев.

.



© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk