logo
logo
logo

Зошто во Украина МУ СЕ ЛУТАТ НА МАКРОН

Vecer | 05.12.2022

Зошто во Украина МУ СЕ ЛУТАТ НА МАКРОН

Предлогот на францускиот претседател Макрон, Западот да размисли како да одговори на потребата на Русија за безбедносни гаранции, наиде на критики во Украина.

Макрон во интервју за францускиот ТВ канал TF1 рече дека Европа мора да ја подготви својата идна безбедносна архитектура и да размисли „како да и даде гаранции на Русија денот кога ќе се врати на преговарачка маса“.

Михајло Подољак, главен советник на украинскиот претседател Зеленски, рече дека на светот му требаат руските безбедносни гаранции, а не обратно. „На цивилизираниот свет му требаат „безбедносни гаранции“ од варварските намери на пост-путинска Русија“, напиша Подољак на Твитер во неделата, пренесе Ројтерс.

Алексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, тврди дека „денуклеаризирана и демилитаризирана“ Русија би била најдобрата гаранција за мир не само за Украина, туку и за целиот свет.

„Некој сака да и даде безбедносни гаранции на терористичка држава-убиец? Наместо Нирнберг – потпишете договор со Русија и подадете рака“, напиша Данилов на Твитер.

По неколку рунди разговори одржани претходно во војната, претставниците на Украина и Русија не се состанаа со месеци за да преговараат за крај на конфликтот. Киев истакнува дека мировните преговори се можни само доколку Русија ги запре нападите и се повлече од окупираната украинска територија, додека Кремљ бара Западот да ја признае руската анексија на украинските региони.

Викторија Нуланд, американскиот потсекретар за политички прашања, смета дека инсистирањето на Путин за меѓународно признавање на руските анекси укажува на тоа дека тој не е сериозен за мировните преговори.

„Дипломатијата очигледно е цел на сите, но мора да имате подготвен партнер“, им рече Нуланд на новинарите по средбата со Зеленски во Киев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk