Монструмот од Вегас бил милионер со арсенал оружје

Зошто тој не е терорист иако уби маса луѓе?

Формулации како "осамен волк", "локален напаѓач", "вооружен маж" и слично, кај американската јавност го отворија прашањето зошто нештото не се нарече со вистинското име – тероризам, а извршителот – терорист?

Убиецот Стивен Падок

Напаѓачот од Лас Вегас беше мултимилионер, кој многу пари заработи со вложување во недвижнини, а долги години работеше како сметководител, тврди Ерик, братот на Стивен Педок, масовниот убиец кој пукаше во невини луѓе на концерт.

Ерик Педок изјави дека не знае дали неговиот брат имал финансиски потешкотии и покрај тоа што многу пари трошел во казината.

-Одеше на крстарење и се коцкаше, посочи Ерик Педок, додавајќи оти неговиот брат никогаш не бил насилен.

Тој тврди и дека Стивен не бил заинтересиран ниту за религија ниту за политика,

Претходно американските медиуми објавија дека таткото на напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок бил еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ откако побегнал од федералниот затвор во Тексас во 1968 година.

Бенџамин Хоскинс Педок, кој почина во 1998 година, бил ограбувач на банки, кој се обидел со автомобил да прегази агент на ФБИ во Лас Вегас во 1960 година.

Во нападот што се случи за време на фестивалот на кантри музика „Рут 91 харвест" во Лас Вегас загинаа 59, а повредени се 527 луѓе.

Полицијата тврди дека Педок немал полициско досие и нема докази за негова поврзаност со исламистичките терористи и покрај тоа што Исламска држава презеде одговорност за масакрот. ИД тврди дека Педок пред неколку месеци преминал во Ислам.

Полицијата оценува дека се работи за индивидуален напад така наречен „осамен волк".

Токму оваа и сличните формулации како "осамен волк", "локален напаѓач", "вооружен маж" и слично, кај американската јавност го отворија прашањето зошто нештото не се нарече со вистинското име – тероризам, а извршителот – терорист?

Колумнистот на Њујорк дејли њуз, Шон Кинг на Твитер напиша: "Само во Америка белината на кожата може да спречи човек кој изврши најсмртоносен напад во американската историја да не биде наречен терорист".

Инаку, во хотелската соба на Стивен Падок пронајдени се 23 парчиња огнено оружје од различни калибри, вклучувајќи автомати, и уште 19 во неговиот дом во Мескит, Невада - многу повеќе отколку што претходно беше соопштено.

Според истражните органи, Падок дејствувал сам. Тој извршил самоубиство кога Силите за брза реакција ја разнесоа вратата од неговата хотелска соба.

Шерифот на Лас Вегас Џозеф Ломбардо изјави дека оружјето пронајдено во хотелската соба, веројатно било пренесено во повеќе од 10 куфери. Некои пушки беа со оптички нишани. Во автомобилот на напаѓачот е пронајден амониум нитрат, што може да се употреби за изработка на експлозивни направи.

Во домот на напаѓачот во Мескит, освен 19-те парчиња огнено оружје, пронајдени се и илјадници куршуми, како и експлозиви.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари