logo
logo
logo

Зошто САД СЕ ПРОТИВ КОВИД ПАСОШИ и која е алтернативата

Vecer | 11.04.2021

Зошто САД СЕ ПРОТИВ КОВИД ПАСОШИ и која е алтернативата

Американската администрација на претседателот Џо Бајден објави дека нема да воспостави национален систем ковид пасоши, но наместо тоа ќе им остави на приватните компании да применуваат механизми за да докажат дека граѓаните биле вакцинирани за патувања и други активности.

Оваа недела, Њујорк понуди дигитален ковид пасош - бесплатна апликација и веб-страница за докажување негативен статус на корона вирус, преку податоци за вакцинација или преку доказ за негативен тест.

- Ние мора да ја почитуваме приватноста на луѓето. Треба да се осигураме дека системот е прецизен и точен. Дефинитивно, работите треба уште да се разработат, но мислам дека ова ќе биде дел од решението - изјави градоначалникот, Бил де Блазио.

Приватните компании ширум светот веќе користат дигитални сертификати за вакцинација во туризмот, забавната индустрија и другите индустрии.

Неколку земји, вклучувајќи ги Кина и Израел, започнаа официјални, национални системи, но САД нема да го следи тој пример, според Глас на Америка.

- Нема да има централизирана, универзална федерална база на податоци за вакцинирани, ниту наредба до граѓаните на сојузно ниво дека сите треба имаат ист сертификат за вакцинација - рече на брифинг со новинарите Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа.

Сертификатите за вакцини се контроверзно прашање во САД, а некои републикански гувернери дури издадоа прописи со кои се забранува ваков вид на сертификација, додава Гласот на Америка.

Администрацијата на Бајден ги повикува приватните субјекти да најдат свои решенија, но ќе обезбеди насоки за исполнување на одредени стандарди.

Светската здравствена организација се спротивставува и на идејата за „ковид пасош“ за патувања меѓу различни земји.

„Во оваа фаза не сме сигурни дека вакцината спречува пренесување на болеста и има многу други прашања освен прашањето за дискриминација на луѓе кои нема да можат да ја вакцинираат, од различни причини“, рече Маргарет Харис , Портпарол на СЗО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk