logo
logo
logo

“Зошто САД не ја прогласија Русија за држава спонзор на тероризмот?“

Vecer | 04.12.2022

“Зошто САД не ја прогласија Русија за држава спонзор на тероризмот?“

-Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден работи со Конгресот на зголемување на притисокот врз Русија, избегнувајќи ги негативните последици од ставањето на Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Си-Ен-Ен.

- Постојано проучуваме различни методи со кои можеме да го зголемиме притисокот врз Русија. Работиме со Конгресот на легислатива што ќе ни помогне да заобиколиме некои од тешкотиите поврзани со ставањето земја на листата на спонзори на тероризмот, за кои веќе видовте дека може да има непредвидени последици - рече Блинкен на прашањето зошто САД не ја ставија Русија на таа листа. Според Стејт департментот, американските антируски санкции имаат влијание кое се зголемува со текот на времето.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави на почетокот на септември дека САД не треба да ја прогласуваат Русија за држава спонзор на тероризмот.

Во јули, американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно одобри необврзувачка резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија.

Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја како државен спонзор на тероризмот.

Во октомври полскиот парламент едногласно усвои резолуција со која Русија се прогласува за терористичка држава. Документот ја осудува руската агресија и ги повикува другите земји да ја донесат истата одлука.

Фото: принтскрин Си-ен-ен

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk