logo
logo
logo

Зошто Меркел НЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ? Терминот и беше ВЧЕРА

Vecer | 12.04.2021

Зошто Меркел НЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ? Терминот и беше ВЧЕРА

Германската канцеларка Ангела Меркел сè уште не е вакцинирана против коронавирус, а според весникот „Билд“, таа требаше да биде вакцинирана вчера.

Весникот наведува дека името на канцеларката Меркел за вакцинирање тој ден било внесено во центарот  „Темпелхофер Фелд“. Според „Билд“ во дневникот стои и дека датумот на раѓање, 17 јули 1954 година, целосно се согласува со нејзините податоци.

Инаку, овој центар обезбедува исклучиво вакцини од британско-шведскиот производител АстраЗенека

Тој термин, пишува „Билд“, е откажан преку платформата за закажување.

Владиниот портпарол Стивен Киберт не сака да го коментира тоа.

„Канцеларката ќе биде вакцинирана во догледно време и јавноста ќе биде информирана за тоа“, додаде тој.

Меркел секогаш велеше дека го чека својот ред за вакцинирање, за разлика од многу политичари во провинциите кои меѓу првите побрзаа да бидат имунизирани, наведувајќи дека сакаат да ја поттикнат довербата на граѓаните во вакцините.

„Билд“ гледа можна причина за откажување на терминот за вакцинација на важниот состанок што го имла во врска со идниот кандидат на нејзината партија, Христијанско-демократската унија, за функцијата канцелар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk