logo
logo
logo

Зошто е ТУРЦИЈА ВАЖНА ЗА НАТО и зошто е ИЛУЗИЈА ДЕКА ЌЕ ЈА ИЗБРКААТ

Vecer | 21.06.2022

Зошто е ТУРЦИЈА ВАЖНА ЗА НАТО и зошто е ИЛУЗИЈА ДЕКА ЌЕ ЈА ИЗБРКААТ

Секогаш кога го доведуваме во прашање членството на Турција во НАТО, секогаш се среќаваме со следниот аргумент: Вето картата на Турција е голема предност, наместо да бидете надвор, мора да бидете внатре, пишува турскиот Чумхуријет.

Авторот на текстот наведува дека не постои единствен задоволителен одговор каква предност од НАТО видела Турција  за 70 години!

Тој анализира што значи Турција за НАТО.

Како што наведува планот на САД за Црно море без Турција ќе пропадне, односно Црното море нема да биде море кое ќе го контролира НАТО.

Понатаму НАТО без Турција значи распаѓање на кавкаските планови на САД, односно ќе значи неуспех кон централноазиските цели.

НАТО без Турција значи институционализирање на соработката Русија-Турција-Иран и нејзин напредок кон стратешко партнерство, нешто што НАТО не го сака.

НАТО без Турција значи дека Турција ќе стане дел од Големото евроазиско партнерство.

НАТО без Турција значи впишување на Турција кон SCO и BRICS.

НАТО без Турција значи дека САД ја губат можноста да ја принудат Турција на својата политика и Турција во Евроазија ќе има силна одбранбена можност.

Исто така тој потсетува на зборовите на Американскиот државен секретар Антони Блинкен од 9 јуни 2021 година во две точки:

1) Турција треба да остане прицврстена кон Западот.

2) Турција треба да се усогласи со САД за некои критични прашања.

Затоа САД не размислуваат за НАТО без Турција, се наведува во текстот и се додава дека илузија се насловите од типот дека Турција ќе биде исфрлена од НАТО, нешто за што не постои механизам.

Сепак, и покрај се, авторот Мехмет Али Гулер, додава дека ако НАТО не сака да ја пресече таа линија, можеби Турција треба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk