logo
logo
logo

Зли платеници или храбри ослободители - КОИ СЕ „ВАГНЕР“ И ЗОШТО СЕ ЕФИКАСНИ

Vecer | 18.03.2023

Зли платеници или храбри ослободители - КОИ СЕ „ВАГНЕР“ И ЗОШТО СЕ ЕФИКАСНИ

За оваа група не се знаеше многу пред почетокот на војната во Украина, а сега сее страв и трепет низ фронтот кој се протега на речиси илјада километри. Како армија контролирана од бизнисменот Евгениј Пригожин стана толку успешна на украинското бојно поле и дали украинските сили воопшто имаат одговор на оваа пробивна сила на „платеници“, како што ги нарекува украинската страна.

Вагнер групата,  која сега се смета за вистинска армија се претвори во незапирлива воена сила на фронтовите низ Украина. Вагнер всушност се појавува во Украина дури во април 2022 година, кога нивните напаѓачки одреди беа префрлени во градот Попасна во регионот Луганск. Дотогаш, редовните руски воени сили, најблаго речено, не беа ефективни, дури се споменува дека не можеле да постигнат пробив против, реално, значително послабите украински вооружени формации.

Резултатот беше повлекување по неуспешните микроофанзиви во близина на Миколаев, Харков, па дури и самиот Киев во раните денови на војната. Неуспешни офанзиви во неколку правци во Донбас и во тие битки само Вагнер успеа да ги избрка вооружените сили на Украина од Попасна.

Се разбира, по успехот на Вагнеровите единици, во тие почетни фази на војната, се наметна прашањето, на Запад, но и кај воените експерти, ширум планетата. Зошто се толку ефикасни, поради што по повеќе од една година војна се најуспешната руска сила во оваа фаза од конфликтот Украинската воена команда покрај сите речиси незамисливи тешкотии, логистика, снабдување, сè послабиот морал на војниците во речиси безизлезни ситуации на многу точки на фронтот, тој исто така прашува како да се спротивстави на овие воени единици, кои сеат смрт,  наречени по генијот на историјата на музиката.

Приспособувањето на тактиката на овие, како што нескромно се нарекуваат себеси „воени гении“, на условите што владеат на фронтот е означено како нивна главна доблест – брзото прилагодување на условите. По битката кај Попасна, снимено е видео на кое нападната група со поддршка на извидувачки беспилотен авион-дрон успева да ја долови позицијата на значително поголема и побројна формација на вооружените сили на Украина.

Во исто време, регуларната руска армија, која исто така се обидуваше да нападне во неколку правци, против послабите украински сили, не можеше да постигне резултат.

Значително проширување на ресурсите

Во август 2022 година, армијата на Пригожин значително ги прошири воените ресурси, како што наведува независниот портал „Медуза“ во својата анализа од егзилот во Рига - Латвија. Имено, се наведува дека во своите редови регрутирале неколку десетици илјади затвореници (што не е потврдено од претставници на руската армија), други „платеници“, главно поранешни договорни војници и пензионирани воени лица.

Додека руските вооружени сили се повлекуваа од северниот дел на Донбас минатата есен, Вагнер ја продолжи офанзивата и полека напредуваше кон Бахмут од југ. Во октомври, Вагнер толку многу се засили што доби голем дел од фронтот од северниот дел на Горловка до Соледар, каде што тогаш беа редовните руски трупи, но од есента тие имаа помошна улога.

Забавување и менување тактики

Поради промената на улогата и поголемото „усогласување“ со редовните руски војници на теренот, Вагнер драстично ги менува методите, а најголемиот адут, брзината и приспособливоста, паѓаат во втор план. Понатамошното напредување на одредот Вагнер станува методично, но многу бавно, а тоа им дава можност на вооружените сили да префрлат засилувања до местото на главниот напад на „платениците“.

Од јули 2022 година до средината на март 2023 година, одредите Вагнер во која било насока не напредуваа подалеку од 30 километри од Попасна, каде што го започнаа своето учество во војната.

Поради таквата тактика, Вагнер претрпува големи загуби во работна сила и троши многу муниција. Пригожин неодамна објави дека му требаат 10.000 тони муниција секој месец, што значи дека на Вагнер му требаат повеќе од 6.500 гранати дневно.

Тоа е повеќе од тоа што украинските вооружени сили секојдневно пукаа на сите 900 километри од фронтот. Сè уште има многу тајни околу Вагнер.

Едно е очигледно - раководството на Вагнер покажува голема флексибилност, невообичаена за вооружените сили на Руската Федерација.

Во текот на досегашната битка за Бахмут, Вагнер многупати ја коригирал насоката на главните напади. Во ноември, се чинеше дека имаат намера да го заобиколат Бахмут од југ, а на почетокот на декември, Вагнер неочекувано ги замени локалните проруски групи на север во близина на Соледар. Војниците на Вагнерската група продолжуваат со офанзивата во околината на Бахмут, а во градот презеле половина од станбените квартови и наскоро целосно ќе ги преземат останатите.

Во најголем дел, западните воени аналитичари поставуваат повеќе прашања. Јасно е зошто единиците на Вагнер се толку ефективни, но има и подпрашања. Дали противниците, украинските сили, многу и насилно регрутирани за борба на фронтот со слаб морал и мотиви, без формална воена обука, се доволно силен показател за силата на приватната војска на Евгениј Пригожин.

Како овие единици би се докажале во директен судир со многу попрофесионално обучени војници или специјални сили наречени воини („морнарски фоки“, „морски специјални сили“, „зелени, црвени и други беретки“ како и други опасни специјални сили на различни земји). Да се ​​надеваме едноставно конфликтот ќе заврши наскоро и никогаш нема да дознаеме навистина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk