logo
logo
logo

ЖИВОТ БЕЗ КОРОНА! Германски град се враќа во нормала - ЕВЕ ГО ПЛАНОТ

Vecer | 09.04.2021

ЖИВОТ БЕЗ КОРОНА! Германски град се враќа во нормала - ЕВЕ ГО ПЛАНОТ

Во Источна Германија, малиот град Августусбург е повторно отворен за туристи, но услов е сите посетители да направат антиген тест пред да влезат. Како функционира?

Имено, секој што сака да го посети Августусбург, прво мора да се регистрира на веб-страницата на градот, по што ќе добие уникатен QR-код. По пристигнувањето во градот, од сите посетители се бара да направат брз тест.

Ако тестот е негативен, QR-кодот ќе ги има овие информации во својот систем, и останува на посетителот да го покаже истиот QR-код кога влегува во ресторани, хотели, продавници и музеи.

Според градоначалникот Дирк Нојбауер, пилот-проектот е ограничен на 360 посетители на ден, без ограничувања за жителите. Оваа одлука е донесена по зголемувањето на новозаболените лица во овој град, со цел одржување на економијата, како и посетите на туристите.

Секако, очекувањата се дека сите посетители на градот ќе се придржуваат кон мерките. Исто така, правилото е дека максимум пет лица од две домаќинства можат да седат на маса, додека вработените да се тестираат секој ден.

Она што е невообичаено е дека резултатите од антиген тестот важат само еден ден, и ако планирате да останете малку подолго на ова место, мора да го повторите тестот следниот ден. Засега, ова е пилот програма, која е одобрена од целата градска заедница, но и од посетителите.

Продавниците и рестораните со задоволство ги прифатија новите правила, особено затоа што тие знаат дека проектот може да се запре многу брзо. Имено, ако бројот на пациенти со коронавирус во саксонските болници се зголеми на над 1.300, Августусбург ќе се врати во целосна блокада, и никој не го сака тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk