logo
logo
logo

Жители од град близу Москва во паника- мислеле дека ги напаѓа Украина, а се снимал филм (ВИДЕО)

Vecer | 29.11.2022

Жители од град близу Москва во паника- мислеле дека ги напаѓа Украина, а се снимал филм (ВИДЕО)

Првата мисла им била дека се нападнати.

„Морам да кажам дека ова е надреално“, рече еден возач кој ја објави снимката на интернет. Тој додаде дека е нервозен и не знае што се случува. Но, вистината била сосема поинаква од она што го мислеле жителите, пишува британски Телеграф. Тоа беше сет на руската екипа за претстојниот филм за украинската војна. „Музичарот“ би требало да биде првиот филм за конфликтот што започна кога Русија ја нападна Украина во февруари.

Сцените од Твер брзо станаа хит на социјалните мрежи. „Воените возила со украински знамиња ги исплашија жителите на Твер“, објави опозициската руска новинска служба на својот канал на Телеграм. „Излегува дека снимањето на филмот Музичарот се одвива во градот. Дејството и заплетот се одвиваат во денешна Украина.

Не е јасно дали филмот е поврзан со групата Вагнер, поддржана од Кремљ, чии платеници себеси се нарекуваат „музичари“.

Иако Москва претходно го негираше нивното постоење, од почетокот на војната групата Вагнер стана мејнстрим и сега отворено регрутира низ цела Русија. Има дури и седиште во стаклен облакодер во Санкт Петербург.

Ова не беше првпат руските актери да предизвикаат возбуда преправајќи се дека се дел од украинската армија. Во градот Калуга, околу 200 километри јужно од Москва, група мажи облечени во униформи на украинската армија се преправаа дека заземаат театар на почетокот на овој месец.

Тие зеле еден човек како заложник и се чини како брутално да го малтретираат на сцената. Потоа бил одведен зад сцената, каде што наводно бил убиен во лажна егзекуција. Чинот беше дел од драматична изведба дизајнирана да ги шокира жителите, изјавија подоцна продуцентите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk