logo
logo
logo

Жестоки борби на руска територија: Ова е сега град на духови

Vecer | 04.06.2023

Жестоки борби на руска територија: Ова е сега град на духови

Гувернерот на руската област Белгород, која деновиве е цел на украинските бомбардирања, на Телеграм објави дека „борбите“ се воделе во селото Нова Таволанка.

„Диверзантската група пристигна, сега борбите се водат во Нова Таволанка“, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков. „Се надевам дека сите ќе бидат ликвидирани“. Тој додаде дека агресорите, за кои рече дека се руски борци кои се борат на страната на Киев, ги заробиле руските војници и предложиле размена.

„Единственото нешто што ме спречува да преговарам со нив е тоа што нашите луѓе можеби веќе се мртви во нивните раце“, напиша тој на апликацијата за пораки. „Но, доколку не се, можат да дојдат на граничниот премин Шебекино во периодот од 17 до 18 часот. Ја гарантирам нивната безбедност“.

Утрово тој ги повика жителите во областа да се евакуираат од бомбардираниот регион. Овој нов упад на проукраинските сили на руска територија доаѓа по силните воздушни напади во централна Украина, во кои синоќа е убиено двегодишно девојче и се ранети 22 лица во Днепар, а друг денешен напад во кој е погоден аеродром, објавија украинските власти.

Деновиве се засилија руските воздушни напади врз Украина, но и украинските диверзантски акции во Русија. Во последните денови, украинскиот артилериски оган принуди илјадници жители на руска територија да се засолнат во Белгород, административниот центар на истоимениот регион. Еден од нив, Евгениј Кључников, жител на Шебекин, оддалечен 30 километри, рече дека неговиот град сега е град на духови покриен со ракетни кратери.

„Ако владата не ни помогне да ги обновиме нашите куќи и да ни обезбеди домување, сите жители (на Шебекин) ќе останат без покрив над главата“, рече за АФП магационерот сместен во прифатниот центар во Белгород. Градоначалникот на тој град Валентин Демидов изјави дека околу 5.000 луѓе кои бегале од бомбардирањето се пријавиле кај властите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk