Во конзервативните општества како што е Египет, „непроменетиот“ химен е важна потврда за невиноста. Невестите што го уништиле хименот може да предизвикаат непријатност во нивните или во семејствата на младоженецот. Во најлошите случаи, може да ги поттикнат таканаречените убиства за чест, кои обично ги вршат роднините на жртвите.

„Ова е наша медицинска должност – да ги заштитиме девојчињата од убиства и социјалната стигма на која се изложени поради хименот“, вели гинекологот Лејла, која користела псевдоним за да може слободно да зборува за својата работа.

Хируршката поправка или реконструкција на хименот – позната како хименопластика – е легална во Египет, но за повеќето е недостапна, чини до 20.000 египетски фунти, приближно двапати од просечната месечна плата.

За жените во руралните области како што е Горен Египет, каде што ставовите се обично ултра-конзервативни, пристапот до процедурата е уште потежок.

Здравствените услуги се ограничени и малку жени имаат средства да платат за операцијата. Лејла редовно патува во далечните египетски провинции за да изврши хименопластика за околу една третина од вообичаената цена.

„На мојата страница на Фејсбук објавувам дека одам во одредена провинција во одреден ден… Луѓето закажуваат термин, а јас правам операции во нивниот дом“, рече таа.

„Има девојки кои не можат да најдат лекари во Горен Египет, и многу е тешко да се зборува за оваа тема или таму да се подигне свеста, бидејќи тоа е многу конзервативно општество“, изјавила таа за Фондацијата Томсон по телефон.

Во последните девет години, вели таа, извршила околу 1.500 операции, од кои околу една третина ги направила бесплатно за особено ранливите жени.

Египетското Министерство за здравство и Националниот совет за жени, кои немаат податоци за хименопластика или убиства за чест, одбиле да коментираат.

Групите за човекови права велат дека илјадници жени и девојчиња се убиваат секоја година на Блискиот Исток и Јужна Азија од страна на членовите на семејството, лути поради вооченото прекршување на нивната „чест“, според Ројтерс.