logo
logo
logo

ЖЕНА КРАЛИЦА: Иако никогаш не и било потешко, сепак се појави со насмевка на лицето!

Vecer | 28.04.2021

ЖЕНА КРАЛИЦА: Иако никогаш не и било потешко, сепак се појави со насмевка на лицето!

Британската кралица Елизабета Втора првпат по погребот на својот сопруг, принцот Филип, извршуваше јавна должност, одржувајќи аудиенција со странски дипломати.

На објавените фотографии се гледа како насмеаната 95-годишна кралица на официјалниот прием со новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата коска разговара, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата својата должност ја извршувала од резиденцијата во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што пред две седмици беше одржан и погребот на принцот Филип, нејзиниот сопруг.

Инаку, ова е првпат кралицата да врши јавна должност откако беше завршен периодот на официјалното жалење на монархијата, но не и откако почина принцот Филип на 9 април.

Имено, британската кралица Елизабета Втора беше домаќин на низа аудиенции во текот на неделата која што следеше по смртта на принцот Филип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk