logo
logo
logo

Зголемена ескалација во Украина, зголемен страв?

Vecer | 22.09.2022

Зголемена ескалација во Украина, зголемен страв?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека руските власти со најавата на делумна мобилизација одлучиле да ја интензивираат ескалацијата во Украина.

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја зголеми ескалацијата, одлучувајќи да не ја прекине војната, туку да ја прошири, реши да не ја повлече армијата, туку да ангажира дополнителни 300.000 луѓе, не за намалување на тензијата, туку за нејзино зголемување. со закана од нуклеарно оружје“, рече Блинкен на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Тој повика на итен прекин на заканата од нуклеарно оружје.

„Секоја членка на Советот за безбедност мора да испрати јасен сигнал дека неразумните нуклеарни закани мора веднаш да се прекинат“, рече тој, осудувајќи ја Москва за таквата нуклеарна реторика.

Да потсетиме, со указот на рускиот претседател од 21 септември беше најавена делумна мобилизација во Русија. Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, ќе бидат повикани вкупно 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните резерви за мобилизација на Русија.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk