logo
logo
logo

Земјотрес тресеше, додека премиерката се обраќаше - Ја зграпчи говорницата и продолжи да зборува (ВИДЕО)

Vecer | 22.10.2021

Земјотрес тресеше, додека премиерката се обраќаше - Ја зграпчи говорницата и продолжи да зборува (ВИДЕО)

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн накратко застана додека ѝ се обраќаше на нацијата на прес-конференција за коронавирусот, додека во исто време зеемјотрес ја тресеше земјата.  Премиерката сепак го продолжи пресот.

Велингтон и околните области беа потресени од земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала во четвртокот, со епицентар на 35 километри југозападно од градот Таумарунуи, објави Новозеландскиот центар за геолошки истражувања Геонет, пренесува Ројтерс.

Ардерн се насмевна и се обрати до новинарите прашувајќи: „Извинете, малку одвраќање. Дали можете да го повторите прашањето?

Таа за новинарите на крајот од настанот изјави дека вицепремиерот Грант Робертсон, кој исто така бил на лице место, не бил целосно убеден дека се работи за земјотрес и дека мислел дека е само силен ветер.

https://youtu.be/W4AtqpP2m08

Премиерката пред година и пол мораше накратко да престане да се појавува на телевизија, кога се почна да се тресе.

- Изгледа имаме земјотрес, Рајан. Добро се тресе, гледате како работите се тресат зад мене - изјави тогаш изненадената Ардерн, која потоа брзо се собра и го продолжи интервјуто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk