logo
logo
logo

Зеленски: Сакаме да размениме 38 ранети војници од „Азовстал“ за руски заробеници

Vecer | 14.05.2022

Зеленски: Сакаме да размениме 38 ранети војници од „Азовстал“ за руски заробеници

Украина предложила евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници.

„Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација - отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе“, рече Зеленски во доцното ноќно обраќање.

„Се разбира, правиме сѐ што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би можеле да бидат највлијателните посредници“, додаде тој, без да даде детали.

Русија, која првично инсистираше бранителите да се предадат, јавно кажа малку за преговорите.

Многумина од оние кои сè уште се во фабриката се членови на Азовскиот полк, чиј заменик командант Свјатослав Паламар вчера рече дека неговите сили ќе продолжат да пружаат отпор колку што можат.

„Имаме проблем со муниција, храна, вода, лекови“, рече тој на онлајн форум објавен на Јутјуб. „Нашиот непријател, поддржан од авиони и артилерија, продолжува да напаѓа. Тие продолжуваат да ги напаѓаат нашите позиции, но ние продолжуваме да ги одбиваме“, рече тој, повикувајќи ги САД да помогнат во евакуацијата на ранетите борци.

Претходно, вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави: „Резултатите од разговорите можеби не се по волја на сите, но наша задача е да ги евакуираме нашите момчиња. Сите тие се живи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk