Зеленски нема да се обрати на САНРЕМО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се обрати на италијанскиот фестивал Санремо – соопштија организаторите во понеделникот, по критиките од буквално целиот политички спектар.
Добро познатиот музички фестивал Санремо, кој трае повеќе од 70 години и привлекува рекордна ТВ публика во Италија (и пошироко), требаше да биде уште една сцена за Зеленски да ја претстави својата агенда, која првенствено се сведува на потрагата за дополнително оружје.
Се очекуваше Зеленски да се појави преку видео порака на затворањето, но шефот на италијанската државна телевизија РАИ рече дека водителот на фестивалот наместо тоа само ќе прочита изјава од украинскиот претседател.
Најавата за појавувањето на Зеленски во Санремо предизвика низа критики од политичките актери, како и онлајн петиција со која се повикува RAI да се откаже од идејата. До понеделник попладне беа собрани речиси 95.000 потписи.
Вицепремиерот и лидер на десничарската лига, Матео Салвини, беше меѓу оние кои изразија сомневање дали е соодветно да се меша забавата со разговорите за војна и смрт.
Извор: Ројтерс
Фото: принтскрин јутјуб