„Ви благодарам на сите. Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Крим. Нашите заеднички вредности не обединија на последниот самит. Тоа недостасуваше во 2014 година, кога Русија ја започна својата луда агресија. И по речиси осум години, сите земји ги чувствуваат последиците на таа агресија. Сите тие страдаат, светот губи. Причина за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година.

Русија може да предизвика глад во светот.

Крим е стратешка тврдина, а светот стана место на уцена. Русија сега го уценува целиот свет. Русија тврди дека Крим е нивен од 2014 година, но сега сме тука да покажеме дека тоа што се случи на Крим е привремено, окупација.

Украинското знаме повторно ќе се вее на Крим. Крим ќе биде ослободен, дури тогаш светот ќе почувствува дека е безбеден и дека војната е завршена.

Кога повторно ќе се вее нашето знаме, ќе се знае дека човековите права ќе бидат вратени.

Бев на конференцијата во Берлин за обнова на Украина. Откако ќе победиме, ќе ја обновиме нашата Украина, цела Украина, нејзината инфраструктура, нејзиното културно наследство. Ни требаат три работи во овие тешки времиња: воена поддршка, финансиска поддршка и санкции. Ве замолувам да го сторите тоа, што е можно посилно, тоа е основата за идниот мир. Подоцна, кога ќе го вратиме Крим, ќе ни треба вашето искуство за да го направиме Крим нормално место за живеење. Нашата соработка мора да се одржи откако ќе ја вратиме територијата.

Ви благодариме за гостопримството.

Слава на Украина“, кажа Зеленски.