logo
logo
logo

Зеленски ја повика меѓународната заедница да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје

Vecer | 16.08.2022

Зеленски ја повика меѓународната заедница да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје

Русија ја презеде контролата врз нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа, набрзо откако во февруари изврши инвазија врз Украина .

 „Секој радиоактивен инцидент во нуклеарната централа Запорожје може да биде удар и за земјите од Европската унија и за Турција, и за Грузија и за земјите од подалечните региони“, предупреди Зеленски  и додаде  „сето зависи само од насоката и брзината на ветерот“.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на Запорожје во текот на изминатата недела. Во првите напади на 5 август беше погоден трансформаторот на високонапонскиот далновод поради што автоматски беше запрен третиот реактор и се вклучија резервните генератори.

Во нападите во четвртокот беа оштетени пумпната станица и уредите за мерење на ниво на радијација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk