logo
logo
logo

Зеленски го покани Си Џинпинг да ја посети Украина

Vecer | 29.03.2023

Зеленски го покани Си Џинпинг да ја посети Украина

- Ние сме подготвени да го пречекаме овде, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.

Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Си разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.

Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.

САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет затоа што одбива да ја осуди Русија за нејзината инвазија врз Украина. САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk