logo
logo
logo

ЗЕЛЕНСКИ ГО НАВРЕДИ КИСИНЏЕР: Излезе од длабокото минато, зборува за Украина како е во Минхен во 1938

Vecer | 26.05.2022

ЗЕЛЕНСКИ ГО НАВРЕДИ КИСИНЏЕР: Излезе од длабокото минато, зборува за Украина како е во Минхен во 1938

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој посочи дека мировните преговори треба да бидат насочени кон создавање граница долж „линијата на поделба“ во Донбас, која постоеше пред рускиот напад врз Украина.

Кисинџер зборуваше преку видео врска на Светскиот форум во Давос, објави Си-Ен-Ен.

Зеленски во средата одговори дека „што и да прави руската држава, некој секогаш ќе дојде и ќе рече „да ги земеме предвид нивните интереси“ - Годинава во Давос тоа го слушнав повторно, и покрај тоа што илјадници руски проектили ја погодија Украина. И покрај десетиците илјади Украинци кои беа убиени. И покрај (масовно убиство) во Буча и Мариупол. И покрај уништените градови. И покрај „логорите за чистење“ што ги прави руската држава, каде убиваат, мачат, силуваат и понижуваат како на подвижна лента - рече Зеленски.

Тој додаде дека Русија и го направила тоа „на цела Европа“.

– Меѓутоа, на пример, во Давос господинот Кисинџер излегува од длабокото минато и вели дека дел од Украина треба да и се даде на Русија – рече Зеленски.

Кисинџер претходно изјави дека преговорите треба да започнат во следните два месеци, пред конфликтот да создаде такви пресврти и тензии кои нема да бидат лесно да се надминат.

- Идеално, линијата на поделба треба да се врати на статус кво пред конфликтот, рече Кисинџер, очигледно сугерирајќи дека Украина треба да се согласи да се откаже од поголемиот дел од Донбас и од целиот Крим.

Зеленски ги спореди ставовите на Кисинџер со оние на нацистичка Германија во 1938 година.

- Се чини дека календарот на Кисинџер не е 2022 година, туку 1938 година, а тој мислеше дека зборувал пред публиката во Минхен, а не во Давос. Инаку, во 1938 година, кога семејството на Кисинџер избега од германските нацисти, тој имаше 15 години - додаде Зеленски.

Од почетокот на војната украинските политичари немаат добар однос ни со Германија. На германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер му беше забранет влез во Германија, додека украинскиот амбасадор во земјата Андриј Мелник го навредуваше канцеларот Олаф Шолц. Амбасадорот сега повторно ја навредува Германија и на Твитер објави фотографија со полжав кој носи куршум, исмевајќи ја германската влада за одложувањето на испораките на оружје.

https://vecer.mk/svet/ukraina-ne-saka-da-go-slusha-kisindher/

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk