logo
logo
logo

Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16

Vecer | 07.06.2023

Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16

-Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни, рече Зеленски во изјава на неговата Интернет-страница. 

„Веќе добив уверување од некои наши европски партнери за разбирањето на таа бројка... Тоа е сериозна, моќна понуда“, изјави украинскиот претседател.

Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со САД“, рече Зеленски. Се уште не е јасно кој од сојузниците на Киев е подготвен да испрати западни авиони во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, да потсетиме, на лидерите на Г7, минатиот месец, им кажа дека Вашингтон поддржува заеднички програми за обука на украинските пилоти за авионите Ф-16, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека сè уште нема конечна одлука за испраќање на авионот од Вашингтон.

Зеленски долго време се залагаше за испраќање авиони Ф-16 во Украина, тврдејќи дека нивното појавување со украинските пилоти ќе биде јасен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз. 

Русија вчера предупреди дека снабдувањето на Киев со тие авиони дополнително ќе го ескалира конфликтот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk