logo
logo
logo

Здравствените работници во САД добиле наредба веднаш да ја прекинат соработката со СЗО

Vecer | 28.01.2025

Здравствените работници во САД добиле наредба веднаш да ја прекинат соработката со СЗО

Службеникот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Џон Нкенгасонг, испратил меморандум до високите водачи на агенцијата во неделата навечер, информирајќи ги дека сите вработени во агенцијата кои соработуваат со СЗО мора веднаш да ја прекинат таа соработка и да „чекаат дополнителни инструкции“.

Експертите рекоа дека непосредната суспензија е изненадување и ќе ги забави истражувањата и напорите да се запрат појавата на вирусот Марбург и мајмун сипаница во Африка, како и други закани ширум светот.

Оваа одлука, исто така, доаѓа додека здравствените власти ширум светот ги следат епидемиите на птичји грип меѓу добитокот во САД.

На вработените во ЦДЦ не им е дозволено да ги посетуваат канцелариите на СЗО.

Трамп минатата недела издаде извршна наредба за започнување на процесот на повлекување на САД од СЗО, но таа не стапи на сила веднаш. За напуштање на СЗО потребно е одобрение од Конгресот и САД да ги исполнат своите финансиски обврски за тековната фискална година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk