Збогум Европо: Контроверзна насловна страна на Шпигел (ФОТО)

На насловната страница на "Шпигел" е цртеж со среден прст со цртеж што личи на американскиот претседател Доналд Трамп.

На насловната страница на новото издание на германското списание Дер Шпигел е цртеж со среден прст и лик кој наликува на претседателот на САД, Доналд Трамп со наслов "Збогум Европо".

Внатрешноста на "Шпигел" е во согласност со насловната страница, а насловот на уредничкиот напис е "Време е за Европа да се приклучи на отпорот". Насловната страница е направена од уметникот Едел Родригез.

УСПЕШЕН САМО ВО РАЗДОР

Во написот се вели дека Трамп е "успешен само во уништување", покажувајќи на својата намера за повлекување од нуклеарен договор со Иран и од договорот за борба против климатските промени. Потребен е паметен отпор, колку и да звучи тажно и апсурдно: Отпор кон Америка.
Самообјаснувачката насловна страница "Дер Шпигел" ја објави само еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа веќе не може да смета на САД и дека мора да ги преземе работите во свои раце.

СЕ ЗАКАНИ СО ПООСТРИ САНКЦИИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави на 8 мај дека САД се повлекуваат од Сеопфатен план за акција (JCPOA), со која Техеран треба да ја одржи мирновременската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Трамп се закани со враќање и затегнување на санкциите.

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија побараа од сите потписници на JCPOA да ги исполнат своите обврски. Иранскиот претседател Хасан Рохани вети дека ќе продолжи да ги почитува условите на договорот

Поврзани

Најнови вести

Коментари