logo
logo
logo

КАКВА ДРАМА

Заради КОРОНА ЖУРКА паднал од балкон и се искршил

Vecer | 09.04.2021

Заради КОРОНА ЖУРКА паднал од балкон и се искршил

Момче (22) од Германија се здобило со сериозни повреди откако паднало од тераса од четвртиот кат, обидувајќи се да побегне од казната заради социјално собирање, со кое се кршат рестриктивните мерки, објавила денес германската полиција.

Момчето заедно со уште тројца свои другари, во петокот се ’собрале’ во стан во Виперфирт, во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Забавата ја пријавил сосед кој повикал полиција. Двајца од неговите пријатели се сокриле на терасата во моментот кога полицијата затропала на вратата.

И додека преостанатите двајца зборувале со полицијата, несреќното момче паднало, се претпоставува, додека се обидувало да премине на соседната тераса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk