Запленети фудбалски дресови потопени во кокаин

На аеродромот во Богота, колумбиските власти пронашле 14 реплики на дресови од фудбалски репрезентации потопени во пет килограми кокаин.

Агентите од одделот за наркотици се посомневале во пратката, откако било откриено дека истата е адресирана до мал град во Холандија. Шверцерите понекогаш користат облека натопена со дрога, а потоа исушена, за да го олеснат транспортот на наркотици.

Производството на кокаин во Колумбија и покрај напорите на властите за негово сузбивање, последниве години е во пораст.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари