logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА:

Запленета листа за „ЛИКВИДАЦИЈА“ на припадници на движењето Ѓулен!

Vecer | 25.09.2021

Запленета листа за „ЛИКВИДАЦИЈА“ на припадници на движењето Ѓулен!

При полициска акција во Германија е запленета листа на следбеници на движењето Ѓулен, а истрагата која е во тек треба да покаже зошто е направена истата и дали се планирала ликвидација или истите се користени за разузнавачки цели, пишува Дер Шпигел.

 

Минатиот петок во хотел во германскиот град Дизелдорф уапсен е 40-годишен турски граѓанин. Дер Шпигел објави дека при рацијата запленети се вистински оружја и муниција. Исто така, полицијата објави дека е запленета листа на членови на движењето Ѓулен. Според полициски извори, полицијата ги предупредила да бидат внимателни

 Дер Шпигел објави дека пред операцијата биле блокирани сите патишта околу хотелот, а пред хотелот биле видени неколку блиндирани полициски возила. Околу 550 гости биле принудени да го напуштат хотелот. Во претресот на собата на приведеното лице пронајден е значителен број на оружје и муниција, како и листа на следбеници на движењето Ѓулен, како и нивните лични податоци.

Полицијата води истрага за причината поради која е создадена листата, односно дали се планира ликвидација на тие лица или истите се користени за разузнавачки цели. Исто така, се истражуваат и пораките од разговорите на приведениот, освен тоа започната е финансиска истрага.

Кој е Мухамед Фетулах Ѓулен

Мухамед Фетулах Ѓулен познат и како „Хоџа ефенди“ меѓу своите следбеници е турски свештеник, поранешен имам, писател и политичар. Роден е на 27 април 1941 година. Тој е основач на движењето Ѓулен, познато и под името Хизмет во Турција, кое има меѓу 3 и 6 милиони следбеници во светот и поседува конгломерат од банки, медиуми, градежни компании и училишта. Ѓулен живее во егзил во градот Сајлсбург во САД. Турската влада го смета за организатор на неуспешниот пуч од јули 2016 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk