logo
logo
logo

Замбија во ТЕМНИЦА бидејќи - НЕМА ВОДА

Vecer | 04.12.2022

Замбија во ТЕМНИЦА бидејќи - НЕМА ВОДА

Замбија ќе продолжи да биде без струја до шест часа секој ден, бидејќи нејзиниот главен извор на енергија, хидроцентралата на југот на земјата, работи бавно поради драстичниот недостаток на вода, соопшти владата.

Сушата во последните години во јужниот дел на Африка веќе доведе до големо намалување на резервите на вода на браните.

„Ограничувањата на електричната енергија ќе траат до шест часа на ден од 15 декември 2022 година и додека не се зголеми нивото на водата“, изјави министерот за енергетика Петер Капала.

Замбија добива повеќе од 80 отсто од електричната енергија од хидроенергија.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk