Заложничка криза во бразилска банка – 11 мртви, меѓу нив и дете

Единаесет луѓе, меѓу кои петмина заложници, се убиени за време на грабеж на банка во северниот дел на Бразил, во регионот Карири.

Информациите за 11 загинати ги потврди Лиелсон Ландин, градоначалник на градот Милагерс.

Ландин изјави дека ограбувачите нападнале две банки непосредно пред зората. Шестмина крадци и петмина заложници биле убиени.

За жал, меѓу убиените заложници е и едно дете.

Според сè уште непотврдени информации, масакрот се случил за време на преговорите меѓу полицијата и киднаперите за ослободување на заложниците.

Во судирот со крадците наводно учествувала и воената полиција, која отворила оган кон разбојниците. Бразилски медиуми објавија дека крадците не успеале да побегнат со парите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари