logo
logo
logo

Заленски: Пред 10 години востанието на Мајдан беше првата победа

Vecer | 21.11.2023

Заленски: Пред 10 години востанието на Мајдан беше првата победа

„Прва победа во тековната војна. Победа против рамнодушноста. Победа на храброста. Победа на револуцијата на достоинството“, рече Зеленски по повод 10-годишнината од почетокот со кој беше соборен прорускиот режим и покрај неговите обиди да го задуши.

„Пред десет години, Украинците за првпат започнаа контраофанзива против самоволниот обид да ја спречат нашата европска иднина“, рече тој.

Револуцијата на Мајдан, централниот плоштад во главниот град на Украина, каде се собраа демонстрантите, избувна откако, под притисок на Москва, тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович во последен момент одби да го потпише договорот за пристапот на Украина кон Европската унија. 

Во февруари 2014 година, движењето успеа да го принуди Јанукович да побегне во Русија по крвавото задушување на протестот, со околу стотина мртви меѓу демонстрантите и околу дваесет меѓу полицијата. Истата година, рускиот претседател Владимир Путин го анектираше украинскиот полуостров Крим и го организираше избувнувањето на конфликтот во источна Украина предводена од проруските сепаратисти, а во 2022 година руската армија почна да ја напаѓа Украина.

Зеленски во денешниот говор рече „се развива нов циклус од нашата историја“.

„Нашата генерација ќе одлучи во која насока ќе се движи и тоа ќе остане запишано во нашите историски книги“, рече Зеленски.

Во говорот под знамињата на Украина и на Европската унија во центарот на Киев, Зеленски ги повика своите сонародници да останат единствени, а западните сојузници да не влегуваат во никаков компромис со Русија. 

„Ако цивилизираниот свет почне да бара компромис со терористите и да им дава отстапки, сите ќе загубиме“, рече Зеленски.

Европската унија и додели на Украина статус на кандидат за членство во 2022 година, а во ноември даде зелено светло за официјално отворање на преговорите, како и на соседна Молдавија, чија претседателка во вторникот го посети Киев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk