Сега се огласи Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Таа ја опиша одлуката на Германија да испрати тенкови во Украина како „потврда дека Западот планирал војна против Русија“. Да потсетиме, Русија започна инвазија на Украина на крајот на февруари минатата година.

Западните земји досега и помагаа на Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови Леопард 2 е нов чекор на Западот во обезбедувањето воена помош на Украина. Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја објави одлуката на САД за испраќање десетици напредни тенкови Абрамс во Украина.