logo
logo
logo

Захарова: Влез на Украина во НАТО ќе доведе до ескалација во Донбас

Vecer | 09.04.2021

Захарова: Влез на Украина во НАТО ќе доведе до ескалација во Донбас


Евентуалното влегување на Украина во НАТО би довело до голема ескалација на тензиите на југоистокот на таа земја и може да има неповратни последици за украинската државност, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Внимававме на изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој вчера беше во Донбас, дека влегувањето на земјата во НАТО, наводно, ќе доведе до крај на конфликтот во регионот“, рече Захарова, а пренесува РИА Новости.

Сепак, таа посочи дека хипотетичко членство во Алијансата, спротивно од очекувањата на Киев, не само што нема да донесе мир во Украина, туку, напротив, ќе доведе до голема ескалација на тензиите на југоистокот од земјата и можно е да резултира со неповратни последици по украинската државност.

Захарова повторно ги повика властите во Киев да покажат, како што рече, одговорен пристап и конечно да започнат со исполнување на своите обврски од договорот од Минск.

Според неа, ситуацијата во Донбас е тешка и има тенденција за натамошно влошување, а причината за тоа е борбеното расположение на Киев, кој според неа, сè уште живее во илузија кога станува збор за решавање на конфликтот на југоистокот со употреба на сила.

Високиот функционер на Кремљ, Дмитриј Козак, вчера изјави дека во одредени околности Русија може да биде принудена да ги брани своите граѓани во источна Украина, додавајќи дека голем воен конфликт може да го означи почеток на крајот на Украина како држава, пренесе аганцијата ТАСС.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk