logo
logo
logo

Захарова: Прашањето за решавање на косовскиот проблем се оддолжува

Vecer | 26.03.2021

Захарова: Прашањето за решавање на косовскиот проблем се оддолжува

Прашањето за решавање на косовскиот проблем е постојано пролонгирано, додека прашањето за одговорноста на НАТО за нанесената штета на системот за меѓународни односи и граѓаните на поранешна Југославија останува отворено до денес, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

По повод годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО на 24 март 1999 година, таа истакна дека воената операција на НАТО против суверена Југославија, пред повеќе од 20 години, стана трагедија, чии долгорочни и разни последици сè уште се се чувствува денес, пренесуваат руските агенции.

„Една од главните лекции, што беше потврдена со трајно запрениот процес на решавање на косовскиот проблем, е дека беззаконието и самоволието не можат да решат ниту една задача, туку само можат да ја влошат ситуацијата“, потенцираше Захарова.

Таа истакна дека прашањето за одговорноста на северноатлантските сојузници за штетата што им ја нанесоа во меѓународните односи и на одредена земја, останува отворено.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk